Достапни линкови

Нови обвинувања против Тимошенко


Јулија Тимошенко

Јулија Тимошенко

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко која во минатиот месец беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на функцијата е обвинета и за затајување данок, кражба и прикривање приходи во странска валута. Во денешното соопштено од даночната служба во Киев се наведува дека станува збор за прикривање на над 120 милиони евра и за затајување данок од 43 милиони евра. Тимошенко ги отфрли обвинувањата со наводи дека тие се дел од политичката одмазда на претседателот Виктор Јанукович.
XS
SM
MD
LG