Достапни линкови

Јеменските владини сили го гранатирале градот Таез, 11 загинати


Здравствени работници и очевидци соопштија дека 11 луѓе, вклучувајки и 3 жени и едно дете, биле убиени за време на денешното гранатирање на градот Таез од страна на силите лојални на јеменскиот претседател Али Абдула Салех. Според истите извори, Револуционерната гарда, командувана од синот на Салех, го гранатирала центарот на градот каде што биле собрани десетици илјади анти-валдини демонстранти, при што имало и повеќемина повредени. Во главниот град Сана исто така се собрале десетици илјади анти-владини демонстранти.
XS
SM
MD
LG