Достапни линкови

Проект „Не/видлив град“


Театарска претстава во автобусот бр. 19 во Скопје.

Театарска претстава во автобусот бр. 19 во Скопје.

Скопје беше домаќин на проектот „Не/Видлив град“ кој преку сценските уметности ја промовира мултиетничката структура на градовите.

Не/Видлив град е двегодишен проект заснован врз принципите на соработка на организации од пет земји: АРТ медија од Македонија, ДАХ Театар од Србија, Театар ОМ од Данска, Продигал театар од Велика Британија и Воикс Полифоникс од Франција. Започна во 2005 година со идеја да се поттикне поголемата толеранција помеѓу граѓаните на Белград, за да потребата од ваквиот пристап во пошироки, па и европски
Нашата цел за овој проект е да се потенцираат приказните што го сочинуваат нашиот град Скопје ваков каков што е, да се покаже она што значи разновидна култура, она што значи град на крстопат каков што е Скопје.
рамки, биде препознаена од сите партнери во него и тие да се заложат во изнаоѓањето ефективни алатки кои би придонеле во нормализацијата на односите на различните етнички заедници и ранливите групи ширум Европа, а со тоа и кон развојот на цивилното општество кое се заснова на толеранција и почит. Всушност, „Не/Видлив град“ цели да ја прикаже мултиетничката структура на европските градови, но и да придонесе токму тоа богатство на различните етнички култури да стане повидливо.
Проект „Не/видлив град“ во Скопје

Проект „Не/видлив град“ во Скопје


„Нашата цел за овој проект е да се потенцираат приказните што го сочинуваат нашиот град Скопје ваков каков што е, да се покаже она што значи разновидна култура, она што значи град на крстопат каков што е Скопје“, вели Наташа Поплавска, која заедно со Дијана Милошевиќ ја потпиша режијата на претставата.
Не можам да го опишам чувството и за мене, а се надевам и нивното, колку беа среќни додека патуваа.

Сценариото е на Хисако Миура, кореографијата на Олга Панго и Миранда ​Џеин Хендриксон, костимите на Антоанела Диана, а во реализацијата на Не/Видлив град Скопје учествуваа 14-тина актери и музичари меѓу кои Џенгиз Ибрахим, Петар Христов, Блерим Дарлишта, Фисник Зекири, Југослав Хаџиќ, Сања Крсмановиќ Тасиќ и други. Околу еден час колку што траеше претставата, во автобусот кој застануваше и примаше патници на секоја постојка се свиреше, играше, пееше и се раскажуваше историјата на градот од Отоманската империја до денес. Актерката Жаклина Стефковска за ваквото искуство ќе забележи:

„Не можам да го опишам чувството и за мене, а се надевам и нивното, колку беа среќни додека патуваа, дури јас предложив ако може секој ден додека патуваат на таков начин да им се разубавува денот на сите патници.“

Во рамките на проектот беше организирана и тркалезна маса на која низ отворен дијалог се говореше за почитување на човековите права, беше организирана и вечер на интер-културна размена, а активностите финишираа синоќа во МОБ со изведбата на балетот Врати на Панго и Поплавска. Во текот на наредната година ќе се работи на преостанатите две претстави во автобус во Данска и во Велика Британија, а потем во сите земји учеснички ќе биде прикажан документарниот филм што го снимаат Емил Петров и Божидар Јовановиќ.

„Не/Видлив град“ е финансиран од Европската комисија, а реализиран е со помош на Министерството за култура, амбасадата на Кралството Холандија, МОБ, Град Скопје, Јавното сообраќајно препријатие и Тинекс.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG