Достапни линкови

Секоја недоверба и напнатост меѓу македонските и албанските партии од власта или опозицијата имаат влијание и врз меѓуетничките односи.

Политичките партии не нудат целосно решение за меѓуетничките односи и за да се остварат суштинските начела на мултукултурализмот треба да се организира работата низ политики. Со вакви оценки излегуваат дел од експертите кои го анализараат влијанието на последните ситуации во политичкиот живот.

Ибрахим Мехмети вели дека ако има добра соработка на етничките партии не значи дека меѓуеничките односи се добри. Главниот минус во политичкиот живот за меѓуетничките односи овие денови беа
Меѓутничките односи не може да се решат само со креирање на коалициона влада, меѓуетничките односи треба да се третираат многу пошироко и многу подлабоко.
затегнатите односи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а со свои барања излегоа и партиите од албанскиот опозициски блок. Мора да се инсистира и на политики наместо само да се чека на добрата или лошата волја на политичките елити, вели Мехмети:

„Меѓуетничките односи не може да се решат само со креирање на коалициона влада, меѓуетничките односи треба да се третираат многу пошироко и многу подлабоко и ако имаме добра соработка на етничките партии тоа не значи дека се решени меѓуетничките проблеми.“

Меѓуетничките тензии неодамна ескалираа на скопското Кале

Потребата од политики во образованието деновиве ја констатираше и пртставникот на ОБСЕ Кнут Волебек. Важноста на меѓуеничките односи ја нагласи и европратеникот Зоран Талер во својот извештај за земјава. Сепак, претпоставка е дека законите кои произлегуваат од Рамковниот договоробезбедуваат стабилност во земјата. Но, има и нешто друго на кое треба да се укаже, недоверба меѓу коалиционите партнери на власт. Зошто истражувањата покажуваат дека функционирањето на меѓуетничките односи во голема мерка зависи од волја на политичките елити на овие
Во поново време она што центарот го работи на теренот, во повеќе мултиетнички рурални средини покажува дека политиката има многу големо влијание врз меѓуетничките
односи.
заедници, и од тоа како тие гледаат на иднината на својата нација и народ, вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција:

„Во поново време, она што центарот го работи на теренот, во повеќе мултиетнички рурални средини покажува дека политиката има многу големо влијание врз меѓуетничките односи.“

Ибрахим Мехммети нагласува дека врз меѓуетничките односи влијаат сите чекори и оти тие не се изолирана категорија како изборите кога само за тоа се зборува туку нешто што континурано треба да се разгледува:

„На ниво на политики да се третираат, а не само на ниво на оперативни решенија или на технички план, со донесување на закони или пак само со политички дијалог. Политичкиот дијалог може да влијае многу позитивно, но тој не е одговор за сите прашања.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG