Достапни линкови

Саркози го озборувал Нетанјаху пред Обама


Претседателите на Франција и на САД, Николас Саркози и Барак Обама на Самитот Г-20 во Кан на 3 ноември 2011 година.

Претседателите на Франција и на САД, Николас Саркози и Барак Обама на Самитот Г-20 во Кан на 3 ноември 2011 година.

Францускиот претседател Николас Саркози го нарекол изразелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „лажго“ во разговор со американскиот претседател Барак Обама за време на самитот на 20 најразвиени и земји во развој што се одржа минатата недела во францускиот град Кан.

Оваа вест денеска ја објави еден француски интернет портал, но бројни новинари што присуствувале на Самитот ја потврдија. Новинарите го слушнале приватниот разговор меѓу Саркози и Обама, зашто тоа што го зборувале случајно се пренесувало преку системот за преведувачи.

Саркози му рекол на Обама дека не го поднесува Нетанјаху повеќе и дека „тој е лажго“. Американскиот претседател, пак, рекол дека мора да се справува со Нетанјаху секојдневно, иако на Саркози му е преку глава од него.
XS
SM
MD
LG