Достапни линкови

Настава во тешки услови во село М`глинце


Во крајно тешки услови се одвива наставата за петте ученици во селото М`глинце на 40-тина километри од Куманово.

Козјачкото село М`глинце, Општина Старо Нагоричино, на 40-ина километри од Куманово, едно е од ретките во кое наталитетот се зголемува, деца за училиште има, а наставата се изведува како пред две столетија. Родителите не се задоволни, а учителката Фросина Гелевска
Работам со пет ученици, комбинирана паралелка, по еден ученик има во прво, трето и четврто, а двајца во второто одделение. Работата оди тешко, обемна е, но се трудам за да можат децата колку-толку да се описменат

која по четири часа двапати неделно патува до работното место смета дека децата немаат основни услови за модерно образование. Оваа учебна година во ова подрачно училиште на О.У.„Христијан Т.Карпош“ во Драгоманце наставата се одвива во комбинирана паралелка.

„Работам со пет ученици, комбинирана паралелка, по еден ученик има во прво, трето и четврто, а двајца во второто одделение. Работата оди тешко, обемна е, но се трудам за да можат децата колку-толку да се описменат.“

Таа раскажува дека децата живеат и по два-три километри оддалечни од школото. Често пати доаѓаат премрзнати, со мокра облека од снег или дожд.

Какви се децата?

„Мирни се, селски деца, повлечени тивки, оддалечени од се. Имаат мали лап топи, а за сега работат само пишување, цртање и боење, нема интернет. Она што е основно колку да бидат запознаени. По англиски професорот оваа година дојде само двапати, иако децата од прво и второ одделение треба да имаат по два часа неделно, а од трето и четврто по три часа неделно. Условите се тешки. Од превозот до школото 20 километри се поминуваат за часа. Јас патувам петок и понеделник, а остатокот од неделата тука престојувам. До селото Степанце патувам по четири часа.“

Во ова планинско село со стотина жители наталитетот се зголемува. Има млади брачни двојки кои чуваат по три деца.Според Гелевска и наредните 13 години училиштето може да работи. Бидејќи селото е на
Имаме проблеми со просветните лица. Моето дете требаше да учи англиски уште минатата година, а тоа воопшто нема ниту еден час. Бевме кај директорка и ништо од тоа. Оваа година двапати дојде наставникот по англиски и ништо повеќе

самата граница со Србија мобилни телефони се користат преку српска мрежа, а веројатно и интернетот ќе треба да биде од таму.
Ненад Мартиновски (29) вели дека неговото четиричлено, а наскоро и петчлено семејство, како и сите останати, живее со две илјади денари социјална помош. Но, тој сака неговите деца, од кои едното е во прво одделение да ги има сите услови како и децата во градот.

„Децата оваа учебна година ја започнаа со 20 дена задоцнување. Немаше стакла на прозорците, а не е обезбеден ниту огрев, нема санитарен јазол. Нашите деца не знаат ниту што е екскурзија, ниту Нова година.“

Друг родител додава:

„Имаме проблеми со просветните лица. Моето дете требаше да учи англиски уште минатата година, а тоа воопшто нема ниту еден час. Бевме кај директорка и ништо од тоа. Оваа година двапати дојде наставникот по англиски и ништо повеќе. Не знам кој му е „вујко“ но, децата треба да учат англиски како и сите останати. Сакаме образование исто како и на децата во градот или во Старо Нагоричино.“
Петок и понеделник децата имаат само по еден час. Зиме се случува да доаѓаат мокри, по еден час стојат пред школото и си одат.“


Родителите имаат разбирање за учителката која мора да патува од Куманово за на работа, но реагираат:

„Петок и понеделник децата имаат само по еден час. Зиме се случува да доаѓаат мокри, по еден час стојат пред школото и си одат.“

Објективните услови во ова село го наметнуваат и однесувањето на оние кои живеат во него и на оние кои егзистираат од работата таму. Можеби средства не треба многу за ова село да се доближи до градот. За сега најголем проблем е патната инфраструктура за само 20 километри.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG