Достапни линкови

Учениците ниту ги знаат своите права и обврски, покажуваат резултатите на истражувањето спроведено од Коалицијата на невладини организации „Сега“.

Учениците ниту ги знаат своите права, ниту своите обврски согласно со Конвенцијата за правата на децата од Обединетите нации. Тие немаат сознанија кој учествува во процесот на одлучување во училиштата за прашања кои што се од нивен интерес. Основците и средношколците сметаат дека класните заедници кои ги избираат сами, воопшто немаат никакво значење, бидејќи се консултирани само во случај кога треба да се оди на екскурзија или ако треба да се носи и избира униформа.
Сметаме дека процесот во училиштата значи процес на работа и со децата и со наставниците за да се промени малку приодот на работа. И дека едуцирајќи ги децата за нивните права, тоа значи паралелен процес за едуцирање на нивните обврски.
Учениците од македонска националност имаат сознанија дека постои тело во училишната заедница преку кое може да ги остварат своите права, но оние од турска и ромска националност немаат никакви сознанија. Речиси иста е ситуацијата со учениците од руралните средини.

Овие се дел од резултатите на истражувањето кое Коалицијата на невладини организации „Сега“ го спроведе во 28 основни и средни училишта во 14 градови во државава.

Врз основа на истражувањето, „Сега“ оценува дека е неопходна поголема демократизација на образовниот систем, измени во организационата поставеност на училиштата со цел поефикасна педагошко-воспитна едукација на учениците,но и јакнење на релациите наставен кадар-ученик-родител.

Илустрација: Училница

„Она што ние го предлагаме да се направи е тоа да биде системско решение, значи да не биде решение кое ќе биде донесено ад-хок и ќе делува само на една група, од која што ние ќе очекуваме дека ќе бидат супер деца, воспитани, итн. Затоа ние сметаме дека процесот во училиштата значи процес на работа и со децата и со наставниците за да се промени малку приодот на работа. И дека едуцирајќи ги децата за нивните права, тоа значи паралелен процес за едуцирање на нивните обврски, на нивното однесување“, вели Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата „Сега“.
Она што ние го предлагаме да се направи е тоа да биде системско решение, значи да не биде решение кое ќе биде донесено ад-хок и ќе делува само на една група, од која што ние ќе очекуваме дека ќе бидат супер деца, воспитани, итн.


За решавање на дел од проблемите според оценките на Коалицијата „Сега“, во училиштата треба да се воведе моделот „дете - правобранител“. Зашто тие учениците би соработувале со заменикот правобранител за детски права на Македонија па со добивање на што повеќе информации на локално ниво, би се постапувало поадекватно, при одредени прекршувања. Но, наспроти учениците и педагошко-психолошките служби кои го поздравуваат овој предлог, дел директори на училиштата не се сложуваат.

„Само некои од 14-те, можеме да провериме кои се тие директори, кажуваат дека нема потреба за ова. Тоа покажува од друга страна дека тие не се информирани воопшто за што станува збор, не се информирани ни за состојбата во училиштето. Наспроти тоа што педагошко-психолошките служби знаат дека има потреба да се работи. Во Охрид на пример во средното училиште не сака да се работи на прашањето, наспроти тоа што во основното директорот вика ова е убаво и ние мораме да почнеме да работиме на овие прашања“, истакнува извршниот директор Илиески.

Резултатите од ова истражување, „Сега“ ќе ги достави до Министерството за образование. А според информациите Коалицијата на невладини организации во 10-ина училишта во Прилеп, Кавадарци, Тетово, Куманово и Дебар се очекува да започне со реализација на пилот-проектот „дете - правобранител“. Паралелно ќе се спроведуваат и активности за подобрување на работата на младинските организации, со цел поголема демократија при изборот на класните заедници. Па со примена на овие новини се очекува намалување на проблемите во школите, инцидентите со се почести насилства врз учениците.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG