Достапни линкови

Бесплатни прегледи во кумановските села


Бесплатни прегледи на населението од кумановските села

Бесплатни прегледи на населението од кумановските села

Кумановскиот здравствен дом започна акција за бесплатни прегледи на населението од најодалечените кумановски села.

Здравствениот дом од Куманово минатиот месец ја започнал акцијата „Здравје за сите“ во најоддалечените планински села на Општината Куманово, Старо Нагоричане и Липково.

„Оваа акција наиде на големо воодушевување кај жителите од овие оддалечени села. Овие жители во зимскиот период немаат можност да дојдат до здравствените амбуланти кои се оддалечени од нив со по неколку часови пешачење, бидејќи нема изградено патишта и се непристапни за други возила
Оваа акција наиде на големо воодушевување кај жителите од овие оддалечени села. Овие жители во зимскиот период немаат можност да дојдат до здравствените амбуланти кои се оддалечени од нив со по неколку часови пешачење, бидејќи нема изградено
патишта.
освен за џипови“, вели д-р Миомир Панковски, директор на Здравствениот дом во Куманово и додава:

„Оваа акција ја извршивме со помош на екипи составени од лекар, сестра, и шофер. Извршени се прегледи на крвта гликемија и триглицериди.“

Акцијата ќе продолжи до месец мај, а до сега биле посетени селата Алгуња, Лукаре и Гошинце, овој месец ќе бидат посетени жителите во М’глинце, Алашевце, Длабочица и Руница. Акцијата „Здравје за сите“ е дел од програмата на Министерството за здравство на РМ и од него е финансирана. Во поголемиот дел од селата кои се пристапни во поширокиот кумановски регион има матични лекари.

Според директорот Панковски, Здравствениот дом во изминатиот период од година ипол со рационално работење и штедење набавил одредени апарати потребни за службите.

Доктор Миомир Панковски директор на кумановската болница

„Во лабораторијата набавивме два биохемиски анализатори, и добивме донација апарат кој ги одредува хормоните и тумор маркерите во организмот. Во Одделот за трудова медицина набавивмне нов спирометар за одредување на капацитетот на белите дробови и еден топлер апарат за одредување и мерење на периферната циркулација на нозете и рацете, во Одделот за итна
Одделот итна медицинска помош набавивме лежечко возило кое треба да пристигне, со цел на граѓаните на општината Куманово да им се обезбеди подобра и поточна анализа.
медицинска помош набавивме лежечко возило кое треба да пристигне, со цел на граѓаните на општината Куманово да им се обезбеди подобра и поточна анализа.“

Од една телекомуникациска компанија кумановскиот Здравствен дом доби донација од опрема, која, според д-р Панковски, е од големо значење во времето на економската криза:

„Се работи за носилка, количка за транспорт на пациент по скали, за ампул-маска, апарат за мерење крвен притисок, шанцови кравати за употреба при сообраќајни несреќи. Вредноста е околу пет илјади евра.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG