Достапни линкови

Ватерполистите против Франција за пласман на ЕП


Македонската ватерполо репрезентација в сабота го игра решавачкиот натпревар за пласман на Европското првенствo што ќе се одржи во холандскиот град Ајндховен.

Пречка на тој пат ни е селекцијата на Франција, која во првиот дуел од бараж двомечот, пред три недели во Париз не совлада со 8:6. Тоа значи дека за пат на Еуро, во Скопје треба да извојуваме победа од 3 гола разлика. Во националниот тим сметаат дека за тоа имаме сили, што е
Имаме шанси и со оптимизам го очекуваме реваншот. Франција не смее да се потцени, но ние имаме квалитет за да стигнеме до вкупен триумф. Тоа се виде и во Париз, каде по наша вина, но и поради немањето среќа, загубивме со два гола разлика

мислење и на селекторот Игор Гочанин.

„Имаме шанси и со оптимизам го очекуваме реваншот. Франција не смее да се потцени, но ние имаме квалитет за да стигнеме до вкупен триумф. Тоа се виде и во Париз, каде по наша вина, но и поради немањето среќа, загубивме со два гола разлика. Тие грешки нема да ги повториме в сабота кога со дисциплинирана игра сигурно ќе дојдеме до посакуваниот резултат и пласман на Европското првенство. Наш адут за исполнување на таа цел е и големиот мотив за продолжување на континуитетот настапи на врвните натпреварувања, а од огромно значење ќе биде и поддршката од трибините“, рече Гочанин.

Слично размислуваат и играчите, кои уште од ждребката за баражот, говореа дека Македонија ќе ја продолжи серијата настапи на Европските првенства, по оние во Малага во 2008-ма и во Загреб минатата година. Тој оптимизам се темелеше на нашиот пласман на претходниот собир на најдобрите на Стариот континент, и тоа по победата над Франција, во квалификациите во Волос. За тој пораз „триколорите“ делумно ни се
Во Париз изгубивме два разлика можеби малку нереално не само заради судењето, туку и заради нашите ситни грешки и шанси што ги промашивме

реваншираа во првиот меч од баражот, на почетокот на месецов. Но, според нашите ватерполисти таа нивна победа од два гола разлика е резултат на за нас несреќен сплет на околности. Затоа и тие се убедени дека на реваншот во Олимпискиот базен во Скопје ќе го надминат минусот од Париз, а младиот Игор Милановиќ изјавува:

„Во Париз изгубивме два разлика можеби малку нереално не само заради судењето, туку и заради нашите ситни грешки и шанси што ги промашивме, но според тоа беше најдоброто што тие можат да го направат, а сега е на нас, ние да се покажеме и да направиме одличен резултат. Ќе го дадеме својот максимум и се надевам ќе се квалификуваме на ЕП.“

Истакна членот и на македонската ватерполо селекција која пред два месеци освои бронзен медал на Универзијадата во кинескиот Шенжен.
XS
SM
MD
LG