Достапни линкови

logo-print

Охрид повторно доби градски базен


Возобновениот отворен базен во Охрид

Возобновениот отворен базен во Охрид

По една деценија, во Охрид возобновен градскиот отворен базен. Локалната власт најавува изградба и на затворен базен.

По една деценија, Охрид повторно доби отворен градски базен, на местото од стариот од пред 25 години, кој целосно запуштен и претворен во ругло, сега локалната самоуправа го возобнови на спортскиот центар „Билјанини Извори“.

„Базенот е со олимписки димензии 25 метри ширина, 50 должина, со два
Тој ќе се користи и рекреативно и за екипи, клубови и школи коишто ќе тренираат пливање и ватерполо.
метри длабочина на водата. Тој ќе се користи и рекреативно и за екипи, клубови и школи кои што ќе тренираат пливање и ватерполо“, вели Гордана Јовановска, директорка на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“, што стопанисува со базенот.

Според неа, објектот, кој со новата филтер станица за прочистување на водата и придружните инсталации, тушевите, соблекувалните и лежалките, општината ја чини 100 илјади евра, а за партерното уредување ќе бидат потрошени уште неколку илјади евра. Локалната самоуправа, која до големиот базен отвори и мал отворен за деца, планира во негова близина до идната година да изгради уште еден затворен, како дел од рекреативниот комплекс на спортскиот центар.


„Ние се решивме овој базен да остане отворен, и како таков може да се користи пет-шест месеци, а веднаш до него, позади трибините, ќе направиме 25-метарски затворен базен, кој ќе биде во топла врска со спортската сала, за да можат останатите шест месеци во годината, граѓаните и туристите да се рекреираат во затворениот базен, а во исто време да ја користат фитнес салата и спа центарот“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Според него, опремувањето на градот со базени, кои недостасуваат во хотелите, е значаен предуслов за развој на туризмот, особено спортскиот, бидејќи Охрид е честа дестинација на спортистите кои тука доаѓаат на подготовки. Отворањето на базенот на летниот празник на патронот на градот, Свети
Ние се решивме овој базен да остане отворен, и како таков може да се користи пет-шест месеци, а веднаш до него, позади трибините, ќе направиме 25-метарски затворен базен.
Климент, значи можност за возобновување на некогаш познатата охридска пливачка школа и натпреварите во пливање и ватерполо.

„Тоа премногу значи за нашиот град зашто повторно ќе се врати пливањето во тој мал базен, кајшто децата учат да пливаат и ги учат тајните и техниките на пливањето. Тоа значи дека ќе се родат нови пливачки имиња, како што од овој ист базен произлезе нашиот олимпиец Александар Маленко“, вели професор Соња Думбалоска-Делова, поранешна маратонка од Охрид.

Думбалоска-Делова ќе ја води школата за пливање со над сто деца во претпладневните и вечерните часови, а од пладне до 18 часот базенот ќе го користат рекреативците.


„Тоа значи живот, значи оттргнување на младите генерации од сите пороци што за жал демнат над ова општество. Без оглед на возраст од 5 до 85 години, сите граѓани можат да рекреираат, да го оформуваат здравото тело во здрав дух и сето она што значи на почеток школа за пливање, па се до откривање на нови таленти, започнување на еден тренаржен процес и раѓање на нови спортисти коишто со гордост ќе не претставуваат и нас како Охриѓани и државата Македонија“, вели нашиот најпознат и најнаградуван пливач и единствен олимпиец, охриѓанецот Александар Маленко.

Според него, Охрид, кој е еден од најстарите градови во Европа заслужува освен со културата да биде репрезентатвен и со спортот. Охрид, кој со години немаше никаков базен, можно е да добие и трет покриен спортски, кој планира да го гради државата, односно Агенцијата за млади и спорт, на нова локација на просторот кај „Билјанини Извори“.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG