Достапни линкови

Македонско-грчка ватерполо пресметка


Bosnia and Herzegovina - Sarajevo,TV Liberty 660, olimpic swimming pool, water polo league-club, indoor swimming pool, 25Mar2009

Bosnia and Herzegovina - Sarajevo,TV Liberty 660, olimpic swimming pool, water polo league-club, indoor swimming pool, 25Mar2009

Македонската ватерполо репрезентација е пред најголемиот предизвик во својата историја. На 16-ти март, во Олимпискиот базен во Скопје, во рамките на натпреварите од Светската лига, ќе ни гостува Грција. Тоа е селекција која има поголем рејтинг од нас, но според општото мислење и пред почетокот на дебитантскиот настап во Светската лига, ривал против кој имаме реални шанси за остварување на првата победа во ова реномирано натпреварување. Таа убеденост и денес е присутна кај селекторот Стеван Нонковиќ, кој верува во триумф доколку се игра дисциплинирано.

„Многу храбро, без некои дополнителни предизвици. Ќе барам од ватерполистите максимална дисциплина и борбеност. Доколку се случи тоа, сигурен сум дека ќе ја забележиме првата победа во групата.“
Знаеме дека ова е повеќе од натпревар и дека е специфична ситуација. Но, пред се ние сме спортисти кои во базенот треба да се сконцентрирани на играта и со ладни глави да настојуваме, колку е можно поуспешно да ги реализираме нашите акции.


Според него, најголем проблем во вторник ќе ни биде притисокот од јавноста, поради политичките проблеми со јужниот сосед. Затоа и тој до мечот најголемо внимание ќе посвети на психолошката подготовка и убедувањето на играчите дека треба да размислуваат само за спортски реванш за поразот од 8-6 во Атина пред три месеци.

„Знаеме дека ова е повеќе од натпревар и дека е специфична ситуација. Но, пред се ние сме спортисти кои во базенот треба да се сконцентрирани на играта и со ладни глави да настојуваме, колку е можно поуспешно да ги реализираме нашите акции. Само така ќе ја исполниме целта, додека евентуалното подлегнување на притисокот може да ни се удри од глава, како што беше случај со кошаркарите на ланското Европско првенство. Се надевам дека се ќе биде како што треба и дека на крајот сите ќе се радуваме на голема спортска победа.“

Со неговото мислење се согласуваат и ватерполистите, особено родените Македонци. Тие не кријат дека чувствуваат притисок, но и уверуваат дека ќе бидат на висина на задачата, а во нивно име Анастас Белев изјави:
Грција е еден од нашите противници од политички аспект, но не го земаме тоа како голем фактор. Ние гледаме да ги победиме во базенот.


„Нормално дека тоа врши притисок. Грција е еден од нашите противници од политички аспект, но не го земаме тоа како голем фактор. Ние гледаме да ги победиме во базенот. За другата расправија се политичарите, а наша задача е да ги победиме во базенот.“

Натпреварот меѓу Македонија и Грција предизвикува голем интерес, па затоа се преземаат екстра мерки за што подобра организација. За овој дуел, Олимпискиот базен ќе добие и дополнителни монтажни трибини со уште 500 седишта, така што вкупно ќе може да прими речиси 2000 гледачи. Инаку, на две кола пред крајот на групната фаза, Македонија, се уште, нема освоено ниту еден бод. Во нашата група, лидер е Хрватска, со 10, втората Грција има 8, а третопласираната Русија, досега освои 6 бодови.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG