Достапни линкови

На 31-ви октомври, Земјата ќе го добие 7-милјардитиот жител, предвидуваат Обединетите нации.

Она што претстои само ја интензивира дебатата за капацитетот на планетава. На 31 октомври, според предвидувањата на Обединетите нации, Земјата ќе го добие седум милијардитиот жител, пишува весникот Фајненшал тајмс, прецизирајќи дека станува збор, пред се, за симболичен момент со цел да нагласи проблемот со глобалната пренаселеност.

Уште од алармот за „популациска бомба“ од крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите години од минатиот век, кога во светот имаше за половина помалку жители од денес, ова прашање не се појави со таков интензитет како сега. Ова се наведува во коментарот објавен во Фајненшал тајмс во врска со пренаселеноста на Планетава.
Можеме ли да ја исхраниме глобалната популација која секоја година расте за околу 76 милиони луѓе и која до 2050 година ќе биде над 9 милијарди? Дали сета таа тежина ќе предизвика катастрофални и неповратни штети на животната средина?

Оценувајќи дека тонот на дискусијата генерално е помалку апокалиптичен отколку пред 40 години, весникот додава:

„Но, главната загриженост се уште се врти околу тоа колку луѓе може да издржи Земјата? Можеме ли да ја исхраниме глобалната популација која секоја година расте за околу 76 милиони луѓе и која до 2050 година ќе биде над 9 милијарди? Дали сета таа тежина ќе предизвика катастрофални и неповратни штети на животната средина?“

Научниците засега се согласуваат со еден одговор, кој Џоел Коен, од Лабораторијата за популација на Универзитетот Рокфелер во Њујорк, вака го формулира:

„Сите овие бројки повеќе се политички отколку научни и тие се дизајнирани со цел да поддржат одреден политички поглед.“
Сите овие бројки повеќе се политички отколку научни и тие се дизајнирани со цел да поддржат одреден политички поглед.

Како и да е, сир Џон Сулстон од Универзитетот во Манчестер кој спроведува изучување за глобалната популација вели дека целта не би требало да биде колку најмногу луѓе може да издржа Планетава.

„Треба да погледнеме во она што ќе овозможи развој на човештвото. Наша цел треба да биде повисок квалитет на живеење, а не само да се туткаме меѓусебно“, го цитира весникот Фајненшал тајмс сир Џон Сулстон и притоа наведува дека има и такви кои на пренаселеноста не гледаат како на проблем.

Некои велат дека растот на популацијата може да доведе до просперитет, а без притоа да биде жртвувана животната средина. И така, бранејќи се од глобална катаклизма, бројот на луѓето на Земјата во наредниве 15 години ќе порасне на над 8 милијарди, а научниците и натаму нема да се согласат околу тоа дали Планетата е пренесалена или не, се заклучува во текстот објавен во весникот Фајненшал Тајмс.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG