Достапни линкови

Алијанса на цивилизациите


Бразил - Рио де Женеиро
Бразил - Рио де Женеиро

Во Рио де Жанеиро се одржува третиот годишен форум на Алијансата на цивилизациите. Тема на конференцијата е „Поврзување култури, градење мир“ и на неа присуствуваат многу државници, меѓу нив и претседателот на Бразил Лула да Силва, премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан ки Мун.

Во неговата контроверзна теза од пред 17 години, американскиот политички научник Семјуел Хантингтон тврди дека светот ќе доживее судир на цивилизации и оти главната борба ќе се води за освојување на позиции за натамошната иднина. Денес Обединетите нации работат на приближувањето, а не на одалечувањето на цивилизациите. На тридневната конференција, насловена како Поврзување култури, градење мир, учествуваат повеќе од две илјади луѓе, вклучувајќи политички, корпорациски, и религиозни лидери, како и граѓански активисти. На големиот број работни сесии се разговара за миграцијата, човековите права, социјалните мрежи на интернет... Алијансата постои половина деценија и е формирана по предлог од владите на Шпанија и на Турција. Во неа членуваат речиси 120 земји, а од пред две недели, дел од сојузот се и Соединетите Држави.

Како е организирана Алијансата?

Познатиот шпански историчар Герман Руеда Heрнанз е критички настроен спрема работата на Алијансата.

„Алијансата значи дека ние мора да имаме некои заеднички нешта. А вистината е дека Алијансата се користи на скриен начин за трошење на парите на Обединетите нации. Алијансата има остварено многу оскудни, па дури и негативни резултати.“

Алијансата на цивилизациите сама по себе не е голема организација. Таа во рамките на Обединетите нации во Њујорк има една канцеларија со околу 12 луѓе. Еден од нив е и Емануел Катан кој е советник за комуникации

Копакабана - најголемата плажа во свет


„Тимот на Алијансата не е многу голем. Ние работиме како еден вид на интерфејс, односно меѓу владите, граѓанското општество и младинските иницијативи што доведува до многу иновативни и креативни идеи.“

Бразил - дом на различностите

За да се разбере збунувачкиот јаз меѓу цивилизациите не треба да се гледа подалеку од домаќинот на конфренцијата, Бразил. Бразилскиот аналитичар Матиас Спектор укажува дека Бразил истовремено е дом на најголемата заедница на црно население надвор од Нигерија, на најголемата јапонска популација надвор од Јапонија и најбројното либанско население надвор од Либан. Затоа Спектор смета дека ваквите конференции претставуваат можност за меѓу цивилизациски дијалог.

„Во пресрет на деветти, единаесетти, глобалната политичка дебата за начините за справување со војната против тероризмот беше да се подели светот меѓу оние народи кои се цивилизирани и оние кои се варвари. Алијансата има за цел да ги премости ваквите јазови. Идејата дека имаш свет, поделен на цивилизирани држави и оние кои не се тоа, претставува анатема на верувањата на Алијансата.“

Всушност, како што прецизира, целта на конференцијата е да го изобличи гледањето дека светскиот судир на цивилизациите е неизбежен.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG