Достапни линкови

Русија - Демографската криза продолжува


Бројот на жителите на Русија опаѓа, покажуваат првите резултати од пописот во таа земја одржан во минатата година. Станува збор за намалување од над два милиони жители во однос на популацијата забележана на последниот попис во 2002 година. Се зголемува и диспропорцијата во полза на жените.

Русија сега брои речиси 143 милиони жители, или за два милиона и двесте илјади помалку отколку што имала во 2002 година.

Тоа го покажуваат првите резултати од пописот на населението што се одржа во минатиот октомври.

Резултатите покажаа и дека над 53 отсто од пупулацијата се жени, како и тоа дека повеќе од 73 проценти од Русите живеат во градови.

Накусо, пописот ја потврди повеќегодишната демократска криза во земјата.


Според некои проценки на Обединетите нации, руското население до 2050 година би требало да опадне на 116 милиони жители.

„Демократскиот процес денес, мислам на опаѓањето на популацијата, е фантастичен доказ не само за поврзаноста на распределбата на буџетските ресурси, туку и за културниот проблем. Станавме хедонистичка потрошувачка култура и како резултат на тоа опаѓа наталитетот. Тоа се случува и во Европа и во Соединетите Држави“, вели Марк Урнов, шеф на политичкиот оддел на Московското високо училиште за економија
Станавме хедонистичка потрошувачка култура и како резултат на тоа опаѓа наталитетот. Тоа се случува и во Европа и во Соединетите Држави.
.

Само дваесет од 83 региони во Русија бележат пораст на населението и тоа главно во таканаречените етнички републики, Чеченија и Дагестан.

Осама Бајсаев, активист на една организација за човекови права во Северен Кавказ изразува сомнеж во врска со новите резултати. Според него, и локалните власти кои целосно зависат од федералните буџетски субвенции и централната влада во Москва имаат силни причини да ги надувуваат бројките.


„Не мислам дека може да им се верува на резултатите на пописот, бидејќи властите во Чеченија веруваат дека што е поголем бројот на жители тоа е подобро, бидејќи се поврзани со државниот буџет. На централната власт, пак, и е од полза да се прикаже дека во регионот нема само убиства“, вели Бајсаев.

За политичкиот аналитичар Урнов, пак, демографскиот проблем е поврзан и со миграцијата, особено на младите луѓе.

„Уште еден фактор што го влошува демографскиот проблем е монструозниот одлив на мозоци, одлив на енергични и делови луѓе. Во последното истражување за средната класа во регионите се покажа дека повеќето од нив штедат пари за да ги пакуваат куферите и да си заминат од земјата.“

Урнов смета дека дека за решавање на проблемот се потребни повеќе систамски потези како подобрување на буџетската политика, поефикасно образование и зголемена грижа за децата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG