Достапни линкови

Сириските власти ги обвинуваат САД за поддршка на бунтовниците


Антивладини протести во Сирија

Антивладини протести во Сирија

Сирија денеска ги обвини Соединетите Држави за поттикнување на насилство врз безбедносните сили и дека се меша во внатрешните работи на земјата. Во соопштението на сириското министерво за надворешни работи е наведено дека забелешките на американските власти се доволен доказ дека тие ги охрабруваат вооружените групи да вршат напади врз сириската армија. Ваквото соопштение следува откако подржувачите на претседателот Башар ал Асад фрлале камења и домати врз американскиот амбасадор во Дамаск Роберт Форд кој бил во посета на опозициски лидер.
XS
SM
MD
LG