Достапни линкови

Лекарите нема да бидат службеници а партиите нема да земат повеќе пари


Уставен Суд

Уставен Суд

Уставниот суд укина одредби од законот за јавни службеници и од упатството за распределба на буџетот. Со укинатите одредби од законот за јавни службеници здрвстевните работници нема да бидат државни службеници затоа што како што информира потпаролот на Уставниот Суд здравствената заштита треба да биде утврдена како дејност од посебен општествен интерес,а не како досега од јавен интерес.
Укинaто e и упатството на Министерот за финансии Зоран Ставревски според кое сите политички партии кои учествуваа на изборите добиваа процент од Буџетот за финансирање на партиите. Според судот Mинистерот поставил поинакви правила од оние пропишани во законот. Упатството на министерот предвидуваше сите партии кои учествувале на последните избори да добијат процент од парите наменети за финансирање на политичките партии, додека според законот пари добиваат само оние партии кои освоиле повеќе од еден процент од гласовите на излезените граѓани.
XS
SM
MD
LG