Достапни линкови

Новиот јапонски министер си поднесе оставка поради изјава


 Јапонскиот премиер Јошихико Нода

Јапонскиот премиер Јошихико Нода

Новиот јапонски министер за економија Јошиo Хациро денеска поднесе оставка поради негодувањата во јавноста за неговата изјава дека деловите околу оштетената нуклеарна централа Фукушима потсеќа на „мртов град“, јавуваат јапонските медиуми. Пред една недела премиерот Јошихико Нода го назначи Хациро за нов министер за економија. По критиките од опозицијата за изјавата на Харицио на прес конференција за Фукушима, премирот побарал од него да се извини. Според јапоснките медиуми ова е удар за новиот премиер Нода кој неодамна дојде на фунцијата како замена за дотогашниот Наото Кан чија работа беше оспорувана поради начинот на кој се справил со последиците од земјотресот и цунамито кои на 11 март ја погодија Јапонија.
XS
SM
MD
LG