Достапни линкови

Монопол на Фондот за здравство


Пациенти во амбуланта

Пациенти во амбуланта

Чувајќи ја својата монополска позиција, Фондот за здравство сеуште нема формирано мрежа на здравствени установи каде пациентите ќе може да побараат услуги по избор.

Фондот за здравство сеуште ја чува својата монополска позиција бидејќи државата не ја исполнила сеуште обрската законската обврска да ја формира мрежата на здравствени установи заклучно со 1 септември 2011 во кои граѓаните ќе можат да побараат здравствени услуги по сопствен избор, утврдува во својата најнова анализа невладината Транспаренси интернешанал. На овој начин уставните заложби за задолжителна здравствена заштита се оддалечуваат од граѓаните и се остава простор за дискриминација по основ на нивната имотна сосотојба.

„Секој граѓанин кој што треба да добие средства за тие здравствени услуги затоа што му следуваат по основа на Уставот и на закон, треба да може да ги потроши таму каде што тој сака, дали за тоа самиот ќе треба да доплати, тоа е негово право, но не треба Фондот да се однесува како монопол и да одлучува во име на граѓаните за тоа каде тие ќе можат да се лекуваат ограничувајќи или правејќи договори само со определени здравствени установи.“

Секој граѓанин кој што треба да добие средства за тие здравствени услуги затоа што му следуваат по основа на Уставот и на закон, треба да може да ги потроши таму каде што тој сака, дали за тоа самиот ќе треба да доплати, тоа е негово право, но не треба Фондот да се однесува како монопол и да одлучува во име на граѓаните
Покрај тоа што оваа мрежа на здравствени установи не е сеуште направена и по седум години, сеуште остануваат непознати и критериумите по кои таа се прави, додава Тасева. За тоа време, пациентиоте остануваат ограничени во изборот каде ќе добијат здравствена услуга особено откако голем дел елитните доктори го имаат напуштено јавното сдравство и работат во приватни здравствени установи. Со ова, додава Тасева, државата покажува и дека нема доверба во оние здравствени установи и во лекарите за коишто нејзините овластени институции издале лиценца за работа.
Ваквата сосотоба се солжи на инертноста и на отсуството на концепт на администрацијата, вели поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец. Се се одвива стихијно, а пацинтетите сеуште не можат да го остварат правото сами да бираат каде ќе се лекуваат.

„И по Уставот и по законот за пациенти и според правилникот на Фондот за здравствено осигурување, пациентот го има како право, меѓутоа тоа како право постои на хартија, а реално не постои.“

Вели Оровчанец. Формирањето на мрежата на здравствени установи не е надлежност на Фондот за здравство, вели портапоролот на оваа институција, Бранко Хаџигогов според кого законските одредби не го дефинираат 1 септември како краен рок за формирање на оваа мрежа туку станува збор за процес во кој до сега се опфатени 5000 установи.
XS
SM
MD
LG