Достапни линкови

Болно здравство


Иако власта промовира кампања „здравство за сите“, новата пререгистрација на невработените, говори за селективност, велат експертите.

Редици луѓе минатата недела се собраа пред Фондот за здравствено осигурување за да се пријават за сини картони. Полиција, редари и по некоја интервенција на брзата помош, на пеколните жештини, овие луѓе се обидуваа да ја искористат шансата која им ја пружа власта под програма за здравствено осигурување за сите. Но, дали сите во земјава живеат со „бекап” за евентуални итни случаи. Од дипломирањето до денес, Дејан од Скопје живее без сини картони.
Си се снаоѓаш, си ги купуваш лекарствата приватно и повеќе внимаваш на здравјето.

„Си се снаоѓаш, си ги купуваш лекарствата приватно и повеќе внимаваш на здравјето.“

РСЕ: Ако се разболиш, колку чини преглед?

„Па чини многу, приватно чини многу, така што повеќе внимаваш на здравјето.“

На други пак не им е јасно што треба да направат за да добијат здравствено осигурување. Една од нив е и Ивона од Скопје:

„Не ми кажаа баш најдобро што треба да се донесе, многу се нељубезни и груби... одите таму ве запишуваат, го средуваат картонот и ќе ви речат, застанете во ред, но колку што разбрав, од луѓе што не се вработени, процедурата е голема, им давале бројчиња од 1 до 700 па чекаат по цел ден. Искрено кажано прашање е дали воопшто ќе отидам таму бидејќи се
Ова го нема ниту во Тунгузија, една жена ондека падна во несвест.

пријавувам во Бирото само за сини картони и ако и тие неможат да ми ги обезбедат, не гледам причина зошто би се пријавувала.“

А што Ве чека пред Завод? Административците работат со продолжено работно време. Дел од медиумите јавуваат дека експресно се расчистиле турканиците и дека службите работат ефикасно. Спротивно на овие тврдења, еве што се случуваше неделава:

Битка за сини картони!
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00


„Господине чекајте во редот, сите чекаат.“

„Четири часа чекам.“

„До вечер незнам дали ќе завршиме работа.“

„Ова го нема ниту во Тунгузија, една жена ондека падна во несвест.“

„Ќе чекаш до 7 вечер и ќе те викнат навечер.“

„Ова е ужасно.“

Во основа, секој што има приходи поголеми од 11.000 денари месечно треба да плаќа за здравствено осигурување. Придобивката е во тоа што невработените сега ќе имаат можност да добиваат сини картони, откако ќе поднесат потврда за примањата. Сепак од овдека се поставуваат неколку дополнителни прашања: Што е со хронично болните чија терапија надминува 11.000 денари месечно, колку ќе се оптерети потрошувачката кошничка доколку на листата на сметки и расходи за храна се додаде и месечен трошок за сини картони и дали граѓаните ќе имаат целосна придобивка од ваквата инциијатива, посебно имајки предвид дека во последнио време не стивнуваат поплаките за кратење на медикаменти од позитивната листа?

Владината иницијатива која требаше да го европеизира здравството се покрена пред неполни две години. Тогаш медиумите јавуваа дека секој ќе има пристап до бесплатно здравствено осигурување. Печатот ја пренесува изјавата на премиерот Груевски кој тогаш изјавил дека секој граѓанин, без разлика дали е вработен или не, без разлика на неговиот материјален статус, има право на основно здравствено осигурување. Неполни две години подоцна, власта изгледа се пишмани. Материјалниот статус стана критериум па на секој со приход над 11.00 денари месечно треба да плаќа најмалку 1.100 денари месечно.

Вработените не би требало да имаат проблеми, но ваквиот пристап може да им создаде компликации на невработените, смета правникот Драге Јовановски.

„Што значи дека не коректно е воведено тоа пред две години и целта е само да се намали бројот во Агенцијата за вработување, дека наводно се смалила невработеноста. Значи како начин за бришење на невработените, всушност така и покажуваат податоците изминативе две години дека за 30 до 40 илјади се намалил бројот на невработени што не е точно, ние треба да гледаме дали има вработувања.“
Наместо државата да ги открива тие работи, кој не плаќа итн, таа фактички го става во функција работникот, односно во улога на поткажувач за едноставно кажано да добие побрзо отказ од работодавачот.

За сини картони надлежните бараат доказ за примањата. Со тоа се отвора можност за контрола на лицата кои работат на црно, а државата ги става работниците во улога на поткажувачи, вели Јовановски.

„Едно е важно, а тоа е да се врши контрола во фирмите и втора работа што сега повторно се става работникот во улога да тој го пријавува работодавачот, и значи наместо државата да ги открива тие работи, кој не плаќа итн, таа фактички го става во функција работникот, односно во улога на поткажувач за едноставно кажано да добие побрзо отказ од работодавачот.“

За потсетување, според законските прописи, секое лице кое нема да го пријави работодавачот за исплата на пари на црно се казнува по европски терк. Во 21 век надлежните треба да им олеснуваат на граѓаните, со примена на модерни технологии наместо да ги тера да чекаат пред Завод, смета правниот експерт:

„Државата би требало да му помогне на народот, а не да му одмогне, ова е фактички малтретирање и на граѓаните и на непочитување на европските стандарди за воспоставување на нов систем на здравствено осигурување.“

Од власта, пак, велат дека мора да се развие свеста кај работодавачите. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека мора да се најде начин како да се притискаат работодавачите:
Државата би требало да му помогне на народот, а не да му одмогне, ова е фактички малтретирање и на граѓаните и на непочитување на европските стандарди за воспоставување на нов систем на здравствено осигурување.

„Остварувањата на правата на работниците не може да се реализира само на добра волја на работодавачите, туку ние мора да придонесеме за на еден начин да се развие свеста кај соодветниот работодавач дека тоа треба да го направи. Сите мерки коишто ние ги спроведуваме како влада, поврзано министерството за труд, здравство, образование, Агенцијата за вработување, УЈП, се сплет на едни конзистентни мерки коишто меѓу себе се поврзани и чија што реализација, односно чиј што краен ефект треба да биде подобрување на статусот на работниците.“

Дали страдаат работниците? Ристовски одговора:

„Не секогаш страдаат работниците затоа што во конкретниот случај, односно кога говориме за остварување на правата на бесплатна здравствена заштита ние говориме за лица кои што остваруваат приходи над минимумот, односно над 50% од просечната плата во Македонија, така што мислам дека од тој аспект не станува збор само за притисок врз работниците, туку станува збор за поврзани мерки кои што на крајот на краиштата треба да имаат бенефит врз сите работници коишто остваруваат извесни приходи.“

Останува да се види како вработените кои плаќаат за придонеси ќе постапат по ваквата одлука, имено дали поради неисплатливост ќе се создаваат повеќе хонорарци со право на сини картони, наместо вработени за кои е потребна исплата на повеќе придонеси.

Како им е на вработените? Од приватниот сектор неретко се жалеа дека давачките за народната каса се уште се превисоки. Власта повторно најави олеснувања. Сепак, освен за висината на давачките, дел од стопанствениците се жалат и на комплексни процедури. Сопственик на мало претпријатие од Скопје кој бара анонимност вели дека како човек - фирма губи многу време во административната процедура за сини картони.

„Придонесите ги давам однапред, уште кога ќе земам плата, после треба уште да изгубам ден-два да одам да поднесам барање за издавање на сини картони, па да земам сините картони и тоа се веќе две надници, во просек по 20 евра, значи тоа се веќе 40 евра, 50 евра дадов за придонес за здравствено осигурување и тоа се веќе 100 евра, после да одам да земам рецепт па да ги најдам лековите и после не се на позитивната листа треба да си ги платам... И зошто е целата таа потрага по здравствено осигурување, по сини картони, кога не ми вредат ниту „пет пари“ уште ми се и трошок.“

Економскиот аналитичар Висар Адеми, пак, забележува дека постојат многу скриени трошоци кои фрлаат сенка на даночните олеснувања:

„Значи има скриени трошоци што ние не ги знаеме. Бидејќи имаат многу силен маркетинг па велат дека персоналниот данок се намалил 15-10%, ама некажуваат дека има зголемување на другите даночни основици, било тоа да е по основ на здравство или нешто друго. Ние сме единствена земја во Југоисточна Европа што плаќаме 75% од бруто плата, зависи колкава е висината на платата.“

На инфо-линијата на Фондот не можат да одговорат дали со новите правила ќе се отвори можноста за уплата на придонес во фонд на приватните здравствени организации.

Каков ефект ќе има ваквата иницијатива на здравството? Судеќи по билансот на расходи од народната каса за годинава, евидентно е дека земјава има социјален буџет. Повеќе од 1/4 од расходите се посветени на социјални бебефиции, значително помалку од капиталните расходи, кои би требало да генерираат приливи во народната каса. Се најавуваше нешто што не се оствари, смета екс-министерот за здравство Др. Георги Оровчанец:
Приливот на средства во Фондот за здравство се инсуфициентни за да го одржат квалитетот на услугата

„Значи пред ова имавме ситуација кога се изгласа закон со кој владата тврдеше дека практично сите граѓани на Македонија подлежат на здравствено осигурување и дека нема никакви проблеми, меѓутоа очигледно е сега дека со ова ново евидентирање практично излегува дека не се сите опфатени, дека прават прегрупација и на крајот ќе испадне дека голем дел од граѓаните не го имаат тоа.“

Капацитетот на здравството е веќе далеку паднат, вели Оровчанец:

„Приливот на средства во Фондот за здравство се инсуфициентни за да го одржат квалитетот на услугата и мислам дека во прво време ќе имаме само паѓање на квалитетот и пролонгирање на рокови додека во еден натамошен тек, заедно со кадровското раситнување ќе имаме дефинитивен колапс на здравството на подолг рок.“


Власта, барем судејки по очекувањата, има поамбициозни планови. Во Буџетот за 2011 година се превидени околу 6 проценти повеќе приходи од лани и исто толку повеќе расходи од буџетот на Фондот за здравствено осигурување. Зголемена е и стапката на проектирани даночни приливи што може да го оспори очекуваниот позитивен ефект од најавените даночни олеснувања за приватниот сектор. Имено, како власта ќе собере повеќе пари во касата ако се намалуваат даноците и ако во исто време не се зачестат вработувањата? Тоа би трбеало да се види по крајот на фискалнава година, кога власта ќе направи преглед на остварените буџетски проекции.

Секој со повисоки примања од 11.000 денари месечно ќе мора да плаќа за сини картони, уште една цртка на потрошувачката листа. Статистички, едно четиричлено семејство троши 12.000 денари месечно за храна и пијалоци, проценка која неретко се осудуваше како нереална во медиумите. Проценките за потрошувачката кошничка се правени по основа на просечната плата од 20.000 денари, па останува нејасно како хонорарци, кои според неофицијални проценки земаат помалу од просечните 300 до 400 евра ќе се прехрануваат и ќе плаќаат за сините картони.

Плаќањето за сини картони е една од неколкуте потези кои политиколозите ги интерпретираа како неатрактивни за собирање на политички поени по изборите. На оваа одлука и претходеше враќањето на акцизата за горивата која се укина пред избори, како и отпишувањето на лицата од списоците на невработени кои не успеале да затворат фирми за кои се сопствениците тврдат дека пропаднале. Политикологот Алберт Муслиу, говорејќи за вратените акцизи, смета дека народот има слаба политичка меморија.

„Се зависи од која перспектива ја гледате работата. Значи од перспектива на политичарите е исплатлива интервенција затоа што кај нас има слаба политичка меморија кај граѓаните, политичката култура како транзициска земја не е толку развиена, така што било која мерка која би потпомогнала во процесот на изборите за политичарите е позитивна и дава ефекти.“

Дали ваквите потези може да укажуваат на потреба за полнење на Буџетот? Народната каса е преоптеретена со непродуктивни расходи, забележува економскиот аналитичар Висар Адеми.
Размислувам за различни опции затоа што ова со сините картони искрено кажано како фарса ми делува.

„Претходниот период се инвестираше во многу некапитални инвестиции, имаше големи расходи, една од тие дупки се пополни со кредити, дали беше тоа од ММФ или друг извор, сега државата се обидува да воведе една посилна даночна дисциплина, нормално и прочистување на овие списоци и правење на законски мерки за да можат дел од тие пари кои што се во оптек како свежи пари во економијата дел да преземе и владата, така што мислам дека ова е загрижувачки затоа што ако не се сопре овој тренд на некапитални инвестиции посебно во културата и другите некапитални инвестиции, се повеќе и повеќе товарот ќе паѓа на граѓаните и на приватниот сектор.“

Што им останува на граѓаните додека власта утврдува на кого колку да му наплати?

„Си се снаоѓаш, си ги купуваш лекарствата приватно и повеќе внимаваш на здравјето.“

„Размислувам за различни опции затоа што ова со сините картони искрено кажано како фарса ми делува“, велат Дејан и Ивона од Скопје.
XS
SM
MD
LG