Достапни линкови

Македонските граѓани плаќаат поскапи лекови од земјите во регионот. Фондот за здравство ќе преговара со дистрибутерите за намалување на цените.

Болните во Македонија плаќаат поскапи лекови од земјите во регионов. Станува збор за 50-тина лекови за дијабетис, срцеви заболувања и притисок, како и за душевни болести, кои во Македонија чинат два до пет
Па тешко е. Без леб може, ама без лекови не може. И на рецепт се скапи.
пати повеќе споредбено со цените во Хрватска, Србија, Словенија и Бугарија. Фондот за здравствено осигурување најави дека ќе преговара со дистрибутерите, лековите да поевтинат од октомври.

Граѓаните се жалат дека освен што лековите се скапи, тие се и тешко достапни затоа што не секогаш може да го добијат на рецепт. Велат дека се случува на средина на месец да ги нема затоа што квотите во аптеките се иполнети, па мора приватно да ги плаќаат.

„Па тешко е. Без леб може, ама без лекови не може. И на рецепт се скапи.“

„Повеќе ги плаќаме лековите приватно, отколку на рецепт. Тешко се наоѓаат на рецепт, треба да се оди низ аптеките па евентуално да се најде.“

За разлика од нив, Столе Јанакиевски кој веќе 40 години живее во Шведска, вели дека во западните земји не се случува хронично болните
Повеќе ги плаќаме лековите приватно, отколку на рецепт. Тешко се наоѓаат на рецепт, треба да се оди низ аптеките па евентуално да
се најде.

луѓе да добијат лек.

„Во разговор со сестра ми која користи лекови, цените се навистина скапи. Ако треба да ги споредам цените можам да кажам дека таму лековите се достапни, имаат многу бенефиции и немам чуено некој лек да го нема, додека овде има лекови што не се достапни, или на рецепт ги нема, а приватно ги има.“

Околу 50-тина лекови во Македонија се поскапи споредено со цените во регионот

Потпаролот на Фондот за здравствено осигурување, Бранко Аџигогов, изјави дека стартува и втората годишна ревизија на сите референтни цени од позитивна листа на лекови со која се очекува намалување на цената на 115 лекови. Тој најави дека есенва, заедно со доставувачите и производителите ќе ги разгледуваат причините зошто тие лекови имаат повисока цена.
Во овие наредни месеци, септември-октомври заедно со добавувачите и производителите ќе ги разгледуваме причините зошто тие лекови имаат повисока цена.

„Значи Фондот очекува да кога ќе ги разгледаат цените кои се во регионот дека самите ќе ги намалат и единствените цени на лекови во Македонија. Во овие наредни месеци, септември-октомври заедно со добавувачите и производителите ќе ги разгледуваме причините зошто тие лекови имаат повисока цена.“

Од Фондот велат дека на дистрибутерите вчера им биле доставени новите предлог цени за лековите и дека во рок од 15 дена дистрибутерите ќе можат да ги дадат своите забелешки.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG