Достапни линкови

logo-print

Нема селски туризам без сместувачки капацитети


Нема сместувачки капацитети за развој на селскиот туризам во селото Бабино во демирхисарскиот регион.

Бабино е едно од најубавите села во демирхисарскиот регион, со живописна природа која и во најтоплите летни денови останува зелена, местото располага со најголемата приватна библиотека во Македонија која брои 15.000 книги и со рибник каде се служи речна пастрмка и друга еколошки произведена храна. Воедно и неколку светски феномени се
Имаме 20 жители, а имаме 25.000 посетители годишно во рибникот и библиотеката.

карактеристични за овој крај.

„Прво е село со најголем број на учители по жител, има најмногу книги по жител во светот, бројка која тешко ќе биде надмината во следните стотина години. Имаме 1.330 книги по жител. И трето имаме 20 жители, а имаме 25.000 посетители годишно во рибникот и библиотеката“, вели Коста Степановски, жител на селото и сопственик на библиотеката.

Со еден збор кажано, селото располага со многу поволни можности за развој на селскиот туризам, но недостигаат сместувачки капацитети. Решавање на овој проблем предвидува прокетот за туристички развој на Бабино.

„За жал, тоа е проблем со кој се соочуваме подолго време и на него посебно ќе работиме. Адаптирањето на куќите за сместување ќе биде посебна грижа во рамки на проектот бидејќи за користење на книжниот фонд и престој во Бабино пројавуваат интерес и повеќе луѓе со нагласени културни потреби од овде, Србија, Бугарија, Хрватска“, вели Степановски.

Дури и името на селото е поврзано со предание за старицата која од дома ја избркале снаите и со години живеела в планина. Гневна на судбината ги проколнала жените од селото да живеат самотнички живот како неа. Денес таму живеат петанесетина баби, а преку лето доаѓаат и иселеници.
Многу е убаво, ќерка ми сака да дојде овде. Десет дена ќе биде во Охрид, а потоа ќе дојде тука, на нејзините деца многу им се допаѓа местото.

„Доаѓам тука секое лето, два пати по 20 дена седам, си уживам, никаде не кажувам дека сум скопјанец, иако таму живеам од 1944 година, велам дека сум од Бабино.“

„Многу е убаво, ќерка ми сака да дојде овде. Десет дена ќе биде во Охрид, а потоа ќе дојде тука, на нејзините деца многу им се допаѓа местото“, раскажуваат жителите.

Инаку селото е распослано на падините на Плаќенска Планина, на 45 километри оддалеченост од Битола. Тоа има и историска традиција, а се верува дека од тука потеклнувала девојката која народот ја извикал во револуционерната песна „Ја излези Ѓурго да ги видиш комитите“. Во овој реон делувал војводата Јордан Пиперката.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG