Достапни линкови

Без добра инфраструктура нема туризам


Реката Радика

Реката Радика

Инфраструктурните и еколошките проблеми главна пречка за развој на туризмот во селата покрај Радика.

И покрај тоа што многу селски населби по долината на реката Радика имаат прекрасни услови за развој на туризмот, сепак недостигот на инфраструктурни објекти и проблемите во сферата на екологијата го попречуваат таков развој. Типичен пример е селото Долно Косоврасти во чија непосредна близина е реката Радика, Дебарското Езеро и Косоврашките Бањи. Овде има прекрасни услови за развојот на бањскиот, речниот и езерскиот туризам.
Селото се соочува со бројни инфраструктурни објекти, нема уредени пристапни патишта, мостот над Радика е тесен и има оштетени огради, што преставува опасност за безбеден сообраќај. Потоа има бројни диви депонии на влезот на селото што создава лоша слика. Инаку канализацијата од селото завршува во Радика, а потоа и во Дебарското
Езеро.


„Селото се соочува со бројни инфраструктурни објекти, нема уредени пристапни патишта, мостот над Радика е тесен и има оштетени огради, што преставува опасност за безбеден сообраќај. Потоа има бројни диви депонии на влезот на селото што создава лоша слика. Инаку канализацијата од селото завршува во Радика, а потоа и во Дебарското Езеро“, вели претседателот на Месната заедница на Долно Косоврасти, Аџија Куртоски.

Тој додава дека и покрај убавата природа во неговото село што ја има подарена природата, тие убавини не се искористени, а младите постепено го напуштаат селото и заминуваат во странство.

Во последно време, претставниците на селото преземаат активности за надминување на проблемните. Има предлози за воведување и на самопридонес, но и други активности за развој на селото истакнува членото на Советот на општина Дебар, Берзат Османовски:

„Правеме напори за да се подобри состојбата со инфраструктурата и животната средина. Договараме со жителите на селото и самопридонес, но исто така имаме и средби со донатори за реализација на проекти. Воедно очекуваме поддршка за подобрување на инфраструктурата и со помош на локалната власт во Дебар, поточно Советот и градоначалникот“, вели Османовски.

Оваа убаво дебарско село во текот н викендите има голема посетеност претежно од страна на спортските риболовци кои ловат риба на Радика и Дебарското Езеро, како и гости во Косоврашките Бањи. И нивните забелешки се за бројните диви депонии како и патната инфраструктура.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG