Достапни линкови

Египет и Ирак по 20 години блокади со нова авиолинија


На Багдатскиот меѓународен аеродром по 21 година за прв пат слета авион кој превезува патници од Египет. Авиопревозникот „EgyptAir“ во својот прв лет кон Ирак, превезол 30 патници а отсега ќе има редовна линија на која ќе се сообраќа 4 пати неделно. Летовите на авиопревозникот „EgyptAir“ беа суспендирани од 1990 година пред почетокот на Првата заливска војна. На авиокомпаниите од Австралија, Турција, Бахреин и Абу Дабу исто така им е дозволено да воведат редовни линии во Ирак.
XS
SM
MD
LG