Достапни линкови

НАТО потврди дека либиските бунтовници владеат со Триполи


Либиските бунтовници соопштија дека напреднале во соборувањето на упориштето на лидерот Моамер Гадафи. Тие тврдат дека ја имаат контролата врз речиси целиот Триполи освен во Баб ал Азизија, место во кое се верува дека се крие Гадафи. НАТО денеска потврди дека поголемиот дел од Триполи е во рацете на бунтовничките сили наспроти твдењата на властите дека возвраќаат на нивните напади.Потпаролот на НАТО Колонел Роланд Лавоие во интервју за ББС изјави дека е фер да се каже оти поголем дел од Триполи е под контрола на бунтовниците и ситуацијата ја оцени како клучна транзициска точка. Тој додаде дека има многу контрадикторни информации, секоја страна слави победа и со тоа јасноста стана првата жртва на конфликтот.
XS
SM
MD
LG