Достапни линкови

Не е фатен ниту еден подметнувач за пожарите


Пожарот на Пелистер

Пожарот на Пелистер

Досега не е фатен ниту еден подметнувач на пожарите во околината на Битола и во националниот парк Пелистер. Надлежните посочија дека причина е човечки фактор.

Два месеца Битола е во пламен. Изгореа речиси сите околни ридови,а пламените јазици не поштедија ни делови од националниот парк Пелистер. За овој период се случија над 150 пожари, на ден и по
Ова не се природни пожари, во прашање е човечкиот фактор. [...] Вистина ова што се случува нема смисла. Направена е голема штета во националниот парк, а сега се обновува опасноста над градот. Проблемот е да се откријат сторителите.

три-четири, а огнот проголта околу 1.000 хектари шума, од која дел и со млади моликови стебла. Надлежните цело време посочуваат дека најголемиот дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор, но до сега не е откриен ниту еден сторител или подметнувач.

„Ова не се природни пожари, во прашање е човечкиот фактор. Апелот е прифатен од полицијата, на терен се, направен е нов записник и имаме нови барања. Вистина, ова што се случува нема смисла. Направена е голема штета во националниот парк, а сега се обновува опасноста над градот. Проблемот е да се откријат сторителите. Пожарот го гледаме во подоцнежна фаза , кога тој ќе се случи многу е тешко да се откријат сторителите“, вели градоначалникот Владимир Талески.


Од битолската противпожарна единица се сомневаат дека се работи за организирана група.

„Подметнувачите на пожари се лица кои добро си ја познаваат работата. Чекаат погоден момент во правецот на дување на ветерот. Го чекаат моментот ветерот да дува кон ридот и така пожарот се шири. Од Стрелиште до Братиндол не остана ни еден здрав рид, се е црно“, вели командирот Костадин Поповски.
Подметнувачите на пожари се лица кои добро си ја познаваат работата. Чекаат погоден момент во правецот на дување на ветерот. Го чекаат моментот ветерот да дува кон ридот и така пожарот се шири.

Од Дирекцијата за заштита и спасување на ја отфрлаат можноста да се работи за шумска мафија.

„Се обидуваме да лоцираме кој е причинител на ваквата штета. Дали се тие пиромани дали е таа токму она шумска мафија, дали се тоа луѓе за некои нивни добивки. Се води постапка, ние соработуваме и се обидуваме да ги откриеме тие лица. Постојат индиции кои се, но во интерес на истрагата не можам да дадам повеќе информации кои се“, вели Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG