Достапни линкови

logo-print

Кој е виновен за пожарите во Русија?


Дожд во Москва и мало олеснување од жешкото време и чадот од пожарите. Но, ситуацијата и натаму е критична.

Во Русија изминатите три недели беснеат досега невидени пожари. Во пожарите загинаа повеќе од 50 луѓе, а многу домови се уништени. Поради високите температури и тешкиот смог предизвикан од чадот од пожарите, во Москва е речиси двојно зголемена смртноста на населението. Се погласни се обвинувањата до Кремаљ дека не се справиле со ситуацијата и дека Законот за шуми е виновен за состојбите во кои се најдоа руските шуми.
Пожарот е широк од два до четири колометри, а пламенот достигнува височина од 35 до 40 метри. Само замислете си
го тоа.


Шумарот Иван Јевангулов, кој 20 години работи како чувар на некогаш бујната борова и брезова шума, вели дека е беспомошен во справувањето со пожарот што се заканува дека целосно ќе ја уништи шумата каде што го поминал целиот работен век.

„Пожарот е широк од два до четири колометри, а пламенот достигнува височина од 35 до 40 метри. Само замислете си го тоа. Многу брзо се шири. Невозможно е пешки да се побегне од пожарот. Се движи премногу брзо и е невозможно да се запре“, раскажува Јевангулов.


Русија е погодена од големи пожари, поради екстремно топлото и суво време. Во Русија горат стотици пожари на територија од околу 170 илјади хектари.

Критичарите велат дека за ваквата состојба се виновни намалувањето на средствата кои се издвојуваат за противпожарни активности, како и новиот закон за стопанисување со шуми и затоа сметаат дека Кремљ е одговорен за оваа катастрофа.

Во минатото, имало 70 илјади шумари како Јевангулов кои патролирале низ 775-милиони хектари шумското пространство на Русија. Тие биле на првата линија во справувањето со евентуалните пожари, а имале помош и од 200 илјади шумски работници.
Нема повеќе шумски ренџери, во вистинската смисла на зборот - луѓе кои се први, на самото место, за да ги заштитат шумите. Сега има други шумски работници , но тие седат во канцеларија.


По распадот на Советскиот Сојуз се намалил буџетот за заштита на шумите, а одговорноста за ова прашање е префрлена од централно на локално ниво или, пак, на закупци кои најчесто биле дрвопреработувачки фирми, кои најчесто немаат интерес за заштита на шумите.

Алексеј Јарошенко, експерт по шумарство од Гринпис во Русија, вели дека новата легислатива за заштита на шумите го уништи со еден удар сето она што било формирано за време на Советскиот Сојуз. Тој вели дека бројот на шумари се намалил за 75 проценти и се заменил со помали, помалку ефикасни служби составени од канцелариски работници.

„Нема повеќе шумски ренџери, во вистинската смисла на зборот - луѓе кои се први, на самото место, за да ги заштитат шумите. Сега има други шумски работници , но тие седат во канцеларија, и повремено прават нешто за шумата, но во поголемиот дел од времето тие пополнуваат формулари и вршат бирократски задачи. А шумата е незаштитена.“

Во гаснењето на пожарите беа вклучени повеќе од 160 илјади луѓе. Многу малку од нив се шумари или пожарникари, повеќето од нив се војници, резервни пожарникари, доброволци, луѓе кои дури од Франција или Бугарија дојдоа да помогнат во гаснењето. Таму, пак, каде што има обучени пожарникари, нема опрема, а сето тоа го отежнува или го прави гаснењето на пожарите невозможно.

Неуспесите во гаснењето на пожарите се должи во голема мера и на законот за шуми, потпишан од страна на тогашниот претседател Владимир Путин. Законот предизвика негодување меѓу екологистите и регионалните власти, кои велеа дека тој потег ќе ги зголеми шансите за пожари и ќе го оневозможи развојот на шумите во Русија.

Жртви, изгорени домови, уништено плодно земјиште, слика на пожари кои едвај се контролираат, сето тоа допринесува за слабеење на позицијата на Кремљ. Рускиот премиер Владимир Путин цело време ги посетува погодените области, ветува помош, но и медиумите и екпертите, токму него го обвинуваат за целата ситуација, бидејќи тој го потпиша законот за шуми во 2007-та година. Руското раководсто се критикуваше и зато што не се подготвиле за пожарите во летниот период, и покрај тоа што во последните години растат температурите, па ова требало да им биде рутинска работа, а не да ги изненади.

Аналитичар Евгениј Волк од Фондацијата за наследство се прашува зошто Кремаљ не се подготвил?

„Не е тајна дека шумските пожари во Русија се традиционални придружници на топлото веќе неколку децении. Тоа го покренува прашањето зошто на почетокот на сезоната, кога веќе се знаеше дека не очекува многу жешко лето, тие не преземаа соодветни мерки за подготовка - да се известат луѓето за опасноста од пожари“

Јавното незадоволство се повеќе расте, па се почести се критичките пишувања по блогови и повиците функционерите да си поднесат оставки.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG