Достапни линкови

Пожар остави десетчлено семејство без дом


Членовите на семејството Мустафовски, кои останаа без дом

Членовите на семејството Мустафовски, кои останаа без дом

Не им се гледа крајот на маките и страдањата на семејството на прилепчанецот Џевџед Мустафоски (55), откако во пожар им изгореа куќите и нему и на двата сина.

Никој од ова 10-члено семејство не е вработен. Живеат само од минимална социјална помош. Сега велат останаа без целата покуќнина. Речиси две недели спијат под отворено небо и кога врне и кога пече сонце.

„Децава ми гладуваат, а млеко треба, надеж, се надеваме дека ќе добиеме, но некако тешко оди работава. Немаме ништо, добри вести да добиеме, некоја помош“, се жали Мустафоски.
Децава ми гладуваат, а млеко треба, надеж, се надеваме дека ќе добиеме, но некако тешко оди работава. Немаме ништо, добри вести да добиеме, некоја помош.


Неговата снаа Фердита Исмаилоска е исплашена за здравјето на своите деца, зашто по пожарот, тие добиле труење и се разболеле.

„Ми се разболеа и децата, труење добија, повраќаат, секој ден повраќаат и јас повраќав. Плус и комшиите не бркаат и надвор спиеме со децата. Нема каде да одам. Кога врне надвор седиме, нема каде да одиме. Никој не доаѓа да ни помогне.“

Семејството се уште чека некаква помош

Овие луѓе немаат ниту минимални услови да ја одржуваат личната хигиена, зашто местото каде што живеат, личи на депонија. Ајнур Мустафоски тврди дека со денови бараат помош, но никој не сака да им ја даде. Без пари, без куќа, без визија за подобра иднина, не знаат како ќе живеат натаму.

„Побаравме шатори да ни се донесат колку да можеме да спиеме овде со децата, и тоа не можевме да го добиеме. Побаравме булдожер да се чисти отпадот и тоа не го добивме. Ни пратија единствено еден контејнер за да го собираме отпадот. Јадење од комшиите кој ќе најде, тој ни дава. Две недели ќе фати од случајот, никој нема дојдено, ни преземено мерки.“
Побаравме шатори да ни се донесат колку да можеме да спиеме овде со децата, и тоа не можевме да го добиеме. Побаравме булдожер да се чисти отпадот и тоа не го добивме. Ни пратија единствено еден контејнер за да го собираме отпадот. Јадење од комшиите кој ќе најде, тој
ни дава.

И 19-годишната мајка Алиса Али која живее во соседството со 4 деца останала без куќа, по пожарот. Таа плаче и се моли за помош.

„Ни изгоре куќата, на улици сме, со децата надвор сум, нема кој да ни помогне, немам ни облека, ни кебе, ни со што да се покријам, ништо, на улица сме, откако ни изгоре куќата, го молам градоначалникот да ни помогне.“

Ферди Јашароски е особено револтиран, зашто како што вели политичарите ги бараат нивните гласови пред избори, а сега никој не доаѓа да им помогне.

„Кога имаше гласање, трчаа сите не бараа, а сега негде-никаде ги нема. А, ние сите гласавме за градоначалникот Марјан Ристески, сите со фамилијата, дедо, баба... Сега каде е градоначалникот Скопје, Битола, на состанок, зафатен е, и не не оставаат да одиме таму, да се жалиме“, вели Јашароски.

Од локалната самоуправа, и покрај настојувањата не добивме одговор дали воопшто и кои мерки ќе бидат преземени за помош на овие граѓани. Од центарот за социјална работа не информираа дека 7-те оштетени семејства веќе доставиле барања, но тие ќе бидат разгледани во текот на идната недела, па дури тогаш ќе се одлучи колкава помош ќе добијат. Согласно законот во услови на елементарни непогоди, на семејствата им следува максимална парична помош до 30.000 денари, но колку и кога ќе ја добијат парична помош овие сиромашни луѓе е неизвесно. За нив секој час е скапоцен, зашто буквално немаат никакви услови за живот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG