Достапни линкови

Сервер- Интеграцијата во НАТО и во ЕУ има огромна цена, но и придибивки


Конференцијата за одбележување на десетгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор

Конференцијата за одбележување на десетгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор

Даниел Сервер, експерт за регионални прашања и за разрешување конфликти од Институтот за мир во Вашингтон, Конференцијата за Рамковниот договор во Охрид, се осврна на актуелните прашања што ја засегаат Македонија како прашањето за името, Сервер рече дека иако лично нема дилеми за тоа како се вика земјата, останува проблемот како на тоа гледаат самите Грци, кои имаат право на вето на зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.
„Не е лесно прашањето, уште повеќе заради проектот на реинтеграцијата кој е потребен, особено интеграцијата во НАТО и добивање датум за преговори за членство во ЕУ. Не дека прашањето не е важно заради други причини, ги сфаќам луѓето кои се противат на прегововорите со Грција, но мора да се нагласи дека интеграцијата во НАТО и во ЕУ има огромна цена, како придобивка и награда. Она што треба водството да го направи е да ја постигне таа придобивка, рече Сервер. За Рамковниот договор тој со став дека документот е витален дел од македонската историја, огромен чекор напред не само за Албанците во земјата, туку за целата држава.
XS
SM
MD
LG