Достапни линкови

И Италија ќе забранува носење на бурки


Комисијата за уставни прашања при италијанскиот Парламент денеска одобри нацрт закон за забрана за носење на бурки, односно превези со кои се покрива целото лице. На жените кои досега носеле превези , ќе им се забрани одсега така да се појавуваат во јавност. Предлогот сега треба да биде усвоен од Парламентот. Носењето превез преку целото лице е веќе забрането во Франција и Белгија.
XS
SM
MD
LG