Достапни линкови

Либиската опозиција на разговори во ЕУ и НАТО


Махмуд Џибрил

Махмуд Џибрил

Делегација на либиската опозиција предводена од Махмуд Џибрил денеска ќе ги посети седиштата на ЕУ и на НАТО во Брисел. Предвидена е и средба со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Посетата доаѓа по објавата на шефот на франуската дипломатија Ален Жипе дека луѓе блиски на либискиот лидер Моамер Гадафи се во контакт со НАТО- членки, со информации дека тој е подготвен да ја напушти власта. Претходно либискиот премиер Багдади ал Махмуди изјави дека Триполи е за преговори, но само откако НАТО ќе ги прекине бомбардирањата.
XS
SM
MD
LG