Достапни линкови

Втора седница на новиот состав на Собранието


Собранието на РМ денеска ќе ја одржи втората седница на која треба да биде утврден бројот на потпретседатели и да бидат изгласани одлуки за основање постојани работни тела и делегации и пратенички групи за меѓународна соработка. Се предлага Собранието и натаму да има тројца потпретседатели, а според законот еден од нив да биде од опозицијата. На друга седница ќе се гласа за персоналните решенија, што ќе стигнат како предлози од пратеничките групи.
На дневен ред на седницата е и измена на Одлуката за основање на Националниот совет за евроинтеграции, со која се предвидува членовите на ова тело да имаат и заменици.
XS
SM
MD
LG