Достапни линкови

Виетнам-четврта недела по ред протести против Кина


Демонстрантите во Виетнам маршираат низ улиците на главниот град, четврта недела по ред, со барање Кина да престане да навлегува во виетнамските води во Јужното Кинеско Море. Протестите се исклучително ретки во комунистички Виетнам и обично брзо се задушуваат од страна на безбедносните сили. Сепак властите им дозволија на демонстрантите, да протестираат но под силно обезбедување. Кина и Виетнам во текот на изминатиот месец имаа несогласувања по судирите во Јужното Кинеско Море, за територија за која и двете страни тврдат дека е нивна.
XS
SM
MD
LG