Достапни линкови

ОН-Сирија да престане да го напаѓа сопствениот народ


Комесарката за човекови права на ОН Нави Пилај

Комесарката за човекови права на ОН Нави Пилај

Комесарката за човекови права на ОН Нави Пилај го повика сирискиот режим да престане со нападите врз сопствениот народ. Таа побара од сириските власти да дозволат мисија да ги истражи сите обвинувања за кршење на човековите права. Пилај изјави дека добиле извештај во кој се наведува дека во протестите против претседателот Башар ал Асад загинале повеќе од 1.100 луѓе, а 10 илјади се притворени. Повеќе од 1.600 Сиријци го напуштиле својот дом и пребегале во Турција. Пилај повика соседите на Сирија да ги отворат границите за бегалците.
XS
SM
MD
LG