Достапни линкови

Во Азербејџан остранета статуата на Хосни Мубарак


Статуата на Мубарак во Азербејџан

Статуата на Мубарак во Азербејџан

Властите во Азербејџан ја тргнале статуата на соборениот египетски претседател Хосни Мубарак. Статуата на Мубарак како седи на стол беше поставена пред три пирамиди во еден парк во близина на главниот град на Азербејџан. Името на паркот кој се вика „Парк на азербејџанко-египетското пријателство“, не е сменето. Статута на Мубарак беше поставена во 2007-та. Опозицијата и младите бараа статуата да се тргне ,уште по симнувањето на Мубарак од власт, во февруари.
XS
SM
MD
LG