Достапни линкови

Жестока реторика, напади, инциденти - вака почна изборната кампања која според експертите допрва ќе се заострува.

Досегашниот тек на предизборната кампања, освен во знакот на митинзите на политичките партии и претставувањето на нивните програми помина и во знакот на препукувања и инциденти кај македонскиот блок, кога неколку штабови на СДСМ и Обединети за Македонија беа искршени. За експертите, атмосферата допрва ќе се заострува во наредниот период, како што се ближи гласањето. Професор Тања Каракамишева вели дека за разлика од минатите
Имам чувство дека симпатизерите на овие раситнети десни партии, нивните интереси допрва ќе кулминираат и ќе се создаде јас би рекла вистинска жестока политичка борба.

избори има промена во комуникацијата и видлива е жестоката реторика кај македонските партии, особено кај десницата се чуствува зовриената атмосфера.

„Имам чувство дека допрва ќе се интензивираат препукувањата затоа што борбата за политички простор е многу голема, во однос на големината на самиот простор, така што имам чувство дека симпатизерите на овие раситнети десни партии, нивните интереси допрва ќе кулминираат и ќе се создаде јас би рекла вистинска жестока политичка борба.“

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека кај албанскиот блок ситуацијата е помирна и се сведува само на средби со граѓаните, а
карактеристично за македонските партии е офанзивата на опозицијата.

Опонентите не штедат зборови во меѓусебните навреди

„Така што, се на се јас очекувам дека ќе се загрева атмосферата, најголемото треба да го очекуваме наредните десет дена и мислам дека партиите ќе дадат се од себе за да го дискредитираат опонентот и да се промовираат како најдобри, но во секој случај добро е што овие денови ги поминавме без инциденти.“

Муслиу додава дека кај албанскиот блок во однос на македонскиот не биле очекувани инциденти, бидејќи тие се уште не знаат со кого ќе коалицираат по изборите.
Така што се на се јас очекувам дека ќе се загрева атмосферата, најголемото треба да го очекуваме наредните десет дена и мислам дека партиите ќе дадат се од себе за да го дискредитираат опонентот и да се промовираат како најдобри.

„Јас мислам дека посериозни инциденти ќе следуваат внатре во десницата затоа што е отворен фронт за секој можен глас, а сето тоа се случува поради очекуваниот тесен резултат на денот на изборите така што се претпоставува дека секој изгубен глас може да биде тој што е пресуден во моментот кога ќе треба да се формира новата влада.“

Каракамишева вели дека во однос на минатото се забележува поголема активност на терен кај симпатизерите на политичките партии и затоа владее таква атмосфера.

„Особено на терен се случуваат многу препукувања, односно многу лоши работи, има многу „злобна крв“ би рекла меѓу самите симпатизери што не само што не е добро туку би можело да ескалира до петти јуни, доста.“

Експертите не ја исклучуваат можноста да се случи истото сценарио како и на минатите избори, кои изобилуваа со насилство и инциденти.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG