Достапни линкови

Деби албум на „Лелек“


Наместо наслов, само знак го најавува албумот на „Лелек“

Наместо наслов, само знак го најавува албумот на „Лелек“

Наместо со наслов, со знак што може кој како милува да го толкува, неодамна се појави деби албумот на ЛЕЛЕК, групата што ја сочинуваат музичари кои зад себе имаат долгогодишно искуство на македонската рок сцена.

Даниел Петровски Балтик – вокал, Зоран Бошков – гитара, Сергеј Ничев – бас, Коста Чоклев Чоки – клавијатури и Томе Сиљановски – тапани или заедно ЛЕЛЕК, деновиве конечно го објавија својот деби албум. Музиката забележана на него, главно авторски композиции, е настаната пред неколку години и многупати досега и била претставена на публиката на концертните настапи на составот. На обвивката наместо име на изданието има симбол за кој момците истакнуваат дека секој може да го толкува како што сака.

„Тој знак кој како сака може да го толкува. Конкретно станува збор за
Осумдесет проценти од текстовите се сонови само напишани во текстови. Значи земаш се што ти се нуди од околу, правиш еден колаж, го нарекуваш роман, или во случајот албум.

прекинувач за уклучување и исклучување на струја, но свртен наопаку. Можеби е некоја смисла за тоа дека ништо не е на своето место“, забележува Сиљановски, кој е и автор на текстовите на песните.

Тој дополнува дека во нив главно ги прераскажал сопствените соништа, кои од своја страна нераскинливо се врзани со сето она што нам денес ни се случува во реалноста.

„Осумдесет проценти од текстовите се сонови само напишани во текстови. Значи земаш се што ти се нуди од околу, правиш еден колаж, го нарекуваш роман, или во случајот албум.“

Членовите на бендот Лелек

Музички групата слегува до прогресивниот рок од 70-те години на
минатиот век, нераскинливо е врзана за повеќето правци на хеви-металот како стил со кој раснеле, присутни се и одредени влијанија од поп музиката, а во поттекст на сето тоа стои и македонската звуковна традиција како нешто што сите ние го имаме како генетски запис во себе.
Тоа е некоја нишка што спонтано дошла во смисла на музички јазик, неможеш да размислуваш многу далеку од коренот тоа излегува од
тебе така.

„Тоа е некоја нишка што спонтано дошла во смисла на музички јазик, неможеш да размислуваш многу далеку од коренот тоа излегува од тебе така.“

Инаку, поради долгото чекање овој носач на звук конечно официјално да биде објавен, од ЛЕЛЕК велат дека се малку презаситени од музиката што е на него та затоа и не планираат гломазни промотивни активности, но притоа истакнуваат дека засилено работат на песните за своето идно, второ по ред, издание.

„Имаме материјал само што се уште „лебди“, не е заокружен, но се свири, се работи. Јас на пример не сакам да рециклирам стар материјал, јас сум секогаш за нешто ново.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG