Достапни линкови

Баклава со нов албум


Албумот „Me Mankas Mucho“ на составот Баклава

Албумот „Me Mankas Mucho“ на составот Баклава

Me mankas mucho! или Ми недостигаш! е насловен третиот албум на македонскиот состав БАКЛАВА. Се работи за звуковна прошетка во 16 слики по сефардските земји.

Шест години по деби изданието со името на групата и три по следбеникот насловен како Калемар, БАКЛАВА на својата публика и го нудат третиот дискографски проект Me mankas mucho! или во превод Ми недостигаш!. Се работи за колекција од 16 песни преку кои Елена Христова и Дејан Сибиновски со своите соработници прават храбар исчекор во истражување на регионалните музички јазици и култури.
Освен македонскиот фолклор и традиција тука имаме светска, медитеранска традиција со таа егзотика што ја содржи во себе и она што ние е многу битно е начинот како се создавала оваа музика, а начинот на кој што се создавала сепак не било она раздвојување и себедокажување, ова е македонска, ова е турска, ова е грчка песна, туку ми се чини дека сите тие народи по пат на себеразменување и соживот успеале да создадат толку убава музика.


„Можеби збунува тоа што прв пат пееме на други јазици освен македонскиот, меѓутоа сето тоа има смисла во контекстот во којшто е направен албумот, а тоа е како што самиот поднаслов кажува ’низ убавите земји со сефардски траги‘. Освен македонскиот фолклор и традиција тука имаме светска, медитеранска традиција со таа егзотика што ја содржи во себе и она што ни е многу битно е начинот како се создавала оваа музика, а начинот на кој што се создавала сепак не било она раздвојување и себедокажување, ова е македонска, ова е турска, ова е грчка песна, туку ми се чини дека сите тие народи по пат на себеразменување и соживот успеале да создадат толку убава музика, затоа една песна со слична мелодија може да ја слушнеме на еден куп јазици“, истакнува пејачката Христова.

Музичкиот состав Баклава, на еден од своите настапи

Сибиновски дополнува дека тие како БАКЛАВА се занимаваат со она што се нарекува светска музика и дека во овој случај сакале да се се отргнат од повторување на истата звуковна приказна.

„Стана актуелно по секоја цена да се одвојуваме едни од други. Ние сме малку немодерни во тој правец, затоа што напротив ние повторно го поставуваме вредното и космополитиското. Музиката секогаш била благодарна и благородна.“
Стана актуелно по секоја цена да се одвојуваме едни од други. Ние сме малку не модерни во тој правец, затоа што напротив ние повторно го поставуваме вредното и космополитиското.


Албумот е снимен во студиото Чикен меднес во Скопје во текот на јануари оваа година, а во неговата реализација учествувале и Џенгис Ибрахим на канон, Петар Христов – кларинет, Дејан Теодосиевски – виолончело, Трајче Ристов – тарабука, дајре и тапан и Владимир Крстев на виолина.

„Кога ги слушав во себе инструментите кои што би требало да прозвучат на песните, она што ми беше битно беше како тие мелодии, различни, сплотени во едно, како ќе прозвучат низ филтерот на музичарите на нашево поднебје. Се е снимено во еден здив и затоа некои песни звучат посебно.“

Во периодов, што следува БАКЛАВА ќе се подготвува за промотивниот концерт на својата нова албумска објава и за настапите на фестивалите по Европа. Сибиновски забележува дека материјалот документиран на Me mankas mucho! е извонредно податлив за снимање филм.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG