Достапни линкови

Четкар на турнеја низ Македонија


Џез гитаристот Владимир Василевски Четкар

Џез гитаристот Владимир Василевски Четкар

Со концертите во Скопје на 19 и во Куманово на 20 март, џез-музичарот Владимир Василевски Четкар ја завршува турнејата низ Македонија.

Македонските фанови се воодушевени од можноста познатиот гитарист, композитор, аранжер и вокалист од областа на џез, фанк и соул музиката, кој настапува во САД во култни места за публика со изострен вкус, да го видат и слушнат во Македонија, каде често во Охрид црпи енергија и мотивација за творештвото и животот далеку од својата земја.
Она што е интересно, бидејќи го свирам интернационалниот американски музички жанр, е што ја претставувам Македонија со промоција пред луѓе кои дотогаш немале шанса да слушнат за нашата земја воопшто и за регионов, бидејќи ние не сме толку познати по тој вид на музика. Но, кога ќе ја видат мојата искреност, моето искуство е навистина неповторливо, тие ми даваат несебична поддршка, се интересираат за земјата од каде доаѓам

„Трите последни настапи ми беа посебно искуство, бидејќи во Бруклиншката академија за музика - БАМ, имав многубројна публика, околу 500-600 Американци, каде беше и македонскиот амбасадор во САД. Она што е интересно, бидејќи го свирам интернационалниот американски музички жанр, е што ја претставувам Македонија со промоција пред луѓе кои дотогаш немале шанса да слушнат за нашата земја, воопшто и за регионов, бидејќи ние не сме толку познати по тој вид на музика. Но, кога ќе ја видат мојата искреност, моето искуство е навистина неповторливо, тие ми даваат несебична поддршка, се интересираат за земјата од каде доаѓам, каде е тоа место што ми дава инспирација да ја свирам нивната музика, да ја интерпретирам во свој аранжман, и на некој начин тоа е уникатна промоција, бидејќи тоа нам токму сега ни треба во моментов, промоција на ова паче земја во светот“, вели Влатко Четкар.

Владимир Василевски Четкар

Според него, успесите во кариерата се мерат и кога музичките идоли од минатото ќе си ги видиш во својата публика.

„Некого да го слушаш цел живот, да ја обожуваш неговата музика и наеднаш да го видиш на своите настапи како на бис бара уште една песна повеќе, и тоа со неверојатна енергија, според мене тоа е најголем комплимент што еден уметник може да го добие во животот. Ди Си Ла Ру е култна личност, што пишува музика за познати филмови како ’Фала му на Бога дојде петок‘, во њујоршко студио ’54‘ на Менхетн, најпознатиот диско клуб во историјата на планетата земја, тој беше една од главните маскоти, предавач, добар пријател на Џон Ленон, една неверојатна личност, кој почна да доаѓа на моите концерти и несебично да ме поддржува и да зборува за мојата музика, тоа зборува уште повеќе дека оваа жртва и начин на промоција е навистина функционален, уникатен и универзален, повеќе од било кој друг“, објаснува Четкар.

„Сега ќе излезе во наредниве месеци новиот албум, кој на некој начин е втор дел од ’We will never end‘, но со малку повеќе лични емоции за мојот приватен живот, во кој ќе преовладува фанк музиката, ретро диско звукот, кој ме инспирира, главно поврзан со лирични џез хармонии што секогаш се дел од мене и од мојот перформанс“, вели Владимир Василевски Четкар, нашиот музички уметник од Охрид, кој повеќе од една деценија живее во САД.

Тој се образуваше во Бостон, сега работи во Њу Јорк, настапува и во Вашингтон, наскоро ќе има голема турнеја на западниот американски брег во Лос Анџелес и Сан Франциско, а за прв пат ќе концертира во Торонто-Канада. Четкар најавува неколку свои албуми, по гостувањата во Панама и Бразил, други промоции на различни светски меридијани и ексклузивни настапи на уникатни забави на познати личности од светскиот џет сет.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG