Достапни линкови

Може ли екстерното тестирање што го најавува Министерството за образование да ја провери функционалноста на образовниот систем?

Екстерно тестирање кое Министерството за образование и наука најави дека пробно ќе се изврши при крајов на месецов, експертите велат дека не може во целост да ја исполни својата задача, односно да ја провери функционалноста на образовниот систем.

Поранешниот министер за образование Ненад Новковски вели дека тој вид на
Меѓутоа има огромен број на недостатоци поради тоа што се работи за одреден момент, за момент во кој што можеби учениците нема да бидат во најдобра форма или подготвени, па ќе има и многу други недостатоци како што е пробивањето на тестовите итн. Сето тоа треба да се има предвид.
тестирање треба да се разграничи и не треба да се споредува со оценувањето на учениците преку целата година. Основата на образовниот систем, според Новковски, е континуиранато следење на работата на ученикот од страна на наставникот, а екстерното тестирање, пак, претставува дополнителна мерка преку која се оценуваат достигнувањата на ниво на цела држава.

„Меѓутоа има огромен број на недостатоци поради тоа што се работи за одреден момент, за момент во кој што можеби учениците нема да бидат во најдобра форма или подготвени, па ќе има и многу други недостатоци како што е пробивањето на тестовите итн. Сето тоа треба да се има предвид.“

Експертите велат дека потребни се повеќе активности, а не само екстерното тестирање за да се провери функционалноста на образовниот ситем

Новковски вели дека екстерното тестирање не треба да се користи како мерка за вреднување на образовниот систем.

„За тоа постојат меѓународни мерења кои се спроведуваат по одредени предмети како што беа некои во минатото и тие покажуваа какво е нивото на постигнување кога се однесува на државата во однос на другите.“

Според Сулејман Рушити, кој исто така беше министер за образование и наука, потребни се повеќе механизми за да може да се види дали
Екстерното тестирање може да биде само еден показател, односно неможе генерално да биде слика на целиот образовен систем.
функционира образовниот систем.

„Екстерното тестирање може да биде само еден показател, односно не може генерално да биде слика на целиот образовен систем. За подобрувањето на квалитетот треба да бидат вклучени низа проекти, низа активности, вклучувајќи го и екстерното тестирање.“

Министерот Никола Тодоров изјави дека ако се покаже екстерното тестирање како успешно, наредната година ќе почне да се имплементира оваа законска реформа, како што е предвидено со Законот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG