Достапни линкови

Стратегија за развој на образованието во Куманово


Секторот за образование при локалната самоуправа во Куманово

Секторот за образование при локалната самоуправа во Куманово

Во општина Куманово, околу осум илјади ученици, следат настава во 50-ина образовни објекти, но лошите услови во кои се наоѓаат училиштата претставува голем проблем.

Според Елизабета Цветковска од локалната самоуправа, незадоволителното ниво на објектите, од кои поголемиот дел датираат од пред повеќе од половина век не е компатибилно со модерното, современото образование. А процесот на децентрализацијата пак наметнува потреба од стратешки приод кон овој сериозен проблем. Затоа е изготвена:

„Анализа на потребите и акционен план за активности во наредните пет години, за создавање услови за надминување на постоечките проблеми, инфраструктура, јакнење на капацитети на наставниот кадар, опрема и сл.“
Неплански делови од областа на урбанизација, има потреба и изградба на нови училишта согласно со зголемување бројот на жителите

Последните декади безмалку ништо не е вложувано во надминување на просторните проблеми за одвивање настава.

„Неплански делови од областа на урбанизација, има потреба и изградба на нови училишта согласно со зголемување бројот на жителите“, вели Цветковска.


Миле Стојменовиќ од Секторот за образованието при локалната самоуправа во Куманово вели дека стратегијата е колективен документ изготвен од многу субјекти и секој од нив има свои обврски и задолженија во развојот на образованието.

Во каква состојба е образованието во Општината Куманово?

„Образованието и во Куманово ги споделува проблемите со оние во државата. Нашиот напор е да ги систематизираме и да утврдиме приоритети, за да можеме за покус период за да ги разрешиме на пристојно ниво. Без решавањето на базичните проблеми, инфраструктурата, опремата на објектите не можеме да очекуваме современо и квалитетно образование“, вели Стојменовиќ.
Ова е документ кој ги утврдува потребите на градот, ги поставува целите и тој ќе остави многу што, за следните генерации. И воспитувањето кое не треба да го
запоставиме.


Општинскиот Совет донел неколку стратешки документи, меѓу кои е и Стратегијата за образованието за 2011/2016 година.

„Ова е документ кој ги утврдува потребите на градот, ги поставува целите и тој ќе остави многу што, за следните генерации. И воспитувањето кое не треба да го запоставиме“, вели Виктор Цветковски претседател на Советот.

Тој напоменува дека и кумановското како воопшто и образованието во државава е на многу ниско ниво, на што укажуваат и насилствата меѓу средношколците. Тоа е сериозен сигнал за превентива и враќање на воспитната компонента како составен дел на образованието.

„Во добар дел воспитувањето ќе треба многу повеќе да има свој опфат, бидејќи негативните, девијантните појави кои се случуваат, се резултат на се помалку учество на воспитниот процес во делот на образованието, кој се почесто изумира. Улогата на родителот треба да биде и во делот на упшравувањето со училиштето, одредени органи ги имаат изгубено своите улоги. Верувам дека полека, но сигурно општината Куманово ќе биде лидер во враќањето на воспитувањето во образовниот процес.“

Цветковски додава дека во понатамошниот процес на децентрализацијата Општината ќе се ослободи од зависноста од дотациите од Владата.

„Минатата година во тој дел беа намалени огромни средства кои општината мораше да ги надомести.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG