Достапни линкови

logo-print

Ќе се подобри ли годинава откупот и пласманот на земјоделските производи? Земјоделците предупредуваат да се бара решение за да не се повторат истите грешки.

Земјоделските култури како грозјето, тутунот и пченицата ќе бидат доминатни и оваа година. Производителите чии семејства обезбедуваат егзистенција од нив, минатата година имаа проблеми во најголем дел поврзан со откупот и пласманот. Во делот на житните култури земјоделците велат дека не смее да се повтори оваа грешка од минатата година зошто тоа ги намалува мотивите да се определуваат да посејат пченица. Сеидбата на пченицата е во тек, но Тоде Лазаровски за оваа година вели дека размислува дали да
Поинаквите услови што се сега, даваат надеж за добра родна година и цената колку што јас ја следам и во соседството и на берзите е мошне поволна и мислам дека ќе биде мотив повеќе и понатаму житните култури да бидат доминанти во Македонија.
предвиди да засади помалку од лани:

„Не знаеме што да правиме, очекуваме сега бидејќи и на светските берзи е висока пченицата, мислиме да не биде подолу од 15 денари, бидејќи ќе нема сметка, но колку ќе биде, навистина не знам.“

Експертите велат најважано е државата сега да не дозволи во екот на сезоната увоз на пченица од надвор:

„Поинаквите услови што се сега, даваат надеж за добра родна година и цената колку што јас ја следам и во соседството и на берзите е мошне поволна и мислам дека ќе биде мотив повеќе и понатаму житните култури да бидат доминанти во Македонија“, изјави професор Илија Каров.

Ќе се соочат ли тутунопроизводителите и оваа годинаа со истите проблеми или ќе се најде решение?

Проблеми имаа и лозарите поради ниската окупна цена. Ако сакаат да опстанат годинава и винарските визби ќе мораат да го откупат грозјето и да го извезат. Со новите законски решенија тие ќе имаат обврска да го отупат грозјето, вели професор Каров:

„Не може во недоглед ќе го засееме сега, а после две-три години ќе го откупуваат, значи ако сакаат да откупуваат ќе мора да има доверба од двете страни. Да се произведе квалитетна суровина и таа да биде откупена.“
Сепак мислам дека тутунот ќе биде застапен во скоро истите количини. Мислам дека проблемите ќе бидат исто така како годинешните, бидејќи цените се намалени.

Проблемот се планира да биде решен исто и со тутунот. Од него егзистираат голем број семејства во Македонија. Експерите велат дека ова е култура што во догледно време ќе биде интересна, а истата ангажира повеќе луѓе и носи девизни сретства. Кире Неделковски е претставник на одборот на тутунарите што оваа година протестираа незадоволни од состојбите:

„Сепак мислам дека тутунот ќе биде застапен во скоро истите количини. Мислам дека проблемите ќе бидат исто така како годинешните, бидејќи цените се намалени.“

Каров смета дека решението треба да биде слично како во Бугарија и да има минимална загарантирана цена.

Мината година ја одбележаа и поделби меѓу земјоделците. Највпечатливи беа случувањата меѓу тутунопроизводителите. Според едни гледишта револтот што се појави на тутунарите бил полтички мотивиран, а други се жалеа дека поради односот на власта кон тутунарите оваа најзначајна извозна култура останала да пропаѓа по дворовите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG