Достапни линкови

logo-print

Развој на земјоделството во пелагонискиот регион


Во Пелагонија повеќе се сади

Во Пелагонија повеќе се сади

И покрај ниските откупни цени, статистиката покажува пораст на обработени земјоделски површини во пелагонискиот регион.

Последните години, пелагонискиот регион бележи пораст на обработени земјоделски површини. И покрај ниските откупни цени на земјоделските производи, статистичките податоци покажуваат дека сега се обработуваат 500 хектари повеќе од претходните години. Надлежните сметаат дека ваквиот тренд е последица на субвенциите, со што напоредно се зголеми и потрошувачката на технолошка вода за наводнување на земјоделските површини.

Се зголемува површината за обработка, претходно имаше доста површини изоставени, не се обработуваа, немаа сметка земјоделците. Но, со субвенционирањето ќе кажам еден пример дека 10 до 11 илјади денари се даваат по хектар за производство на пченица или пченка или за градинарските култури по 20.000 денари.
„Внесувањето на субвенции во земјоделството фактички се одразува и врз работењето наше. Се повеќе имаме зголемување на обработливите површини, а тоа значи и зголемена потрошувачка на вода. Ќе кажам само еден податок, дека во индивидуалниот сектор имаме зголемување од 500 хектари во обработливи површини во однос на оние кои досега се обработуваа. Процентот на наплата на такса за наводнување е висок, имаме над 70 отсто наплата што не беше случај порано кога процентот на наплата беше низок“, вели Љупчо Бошевски, директор на јавното претпријатие „Стрежево“, кое стопанисува со вештачката акумулација близу Битола.

Од подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола соопштија дека во 2005 година во битолскиот дел на Пелагонија имало 22.000 хектари обработливи површини, а сега 30.000, што покажува дека се засадуваат дури за 26 проценти повеќе ниви од претходно.

Илустрација: Нива со пченица

„Се зголемува површината за обработка, претходно имаше доста површини изоставени, не се обработуваа, немаа сметка земјоделците. Но, со субвенционирањето ќе кажам еден пример дека 10 до 11 илјади денари се даваат по хектар за производство на пченица или пченка или за градинарските култури по 20.000 денари, за нови лозаро-овоштарски насади по 90 или 130.000. Со ова, оние напуштени површини веќе се одгледуваат овие земјоделски култури и површините се зголемени“, вели Илија Србиновски, началник на подрачното одделение за земјоделство во Битола.

На нивите во Пелагониско претежно се садат индустриски, градинарски и житни култури. По подолго време на нивите се врати маслодајната репка и сончогледот, но културата со која во минатото се оборуваа рекорди, шеќерната репка како да исчезна засекогаш. Поради ниските откупни цени таа не се сади четири години.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG