Достапни линкови

Две деца убиени во Авганистан?


Две деца загинаа во воздушен напад на НАТО во Авганистан, изјави Абдул Марјан, шефот на областа Саваки во провинцијата Кунар. Според него, нападот се случил во непосредна близина на местото каде неодамна загинаа девет деца во воздушен напад на Алијансата, настан кој предизивка остри реакции во авганистанската јавност. За време на нападот двете деца, едното десет а другото петнаесетгодишно, наводнувале нива. Од НАТО потврдија дека имало инцидент, но според нив, мети биле осомничени бунтовници, а во нападот загинало едно лице, додека другото било повредено.
XS
SM
MD
LG