Достапни линкови

Немоќта на влада да се справи со проблемот со името, е причина за нападите врз странските дипломати во Македонија, сметаат домашните експерти.

Немоќта на владата да го реши спорот со името со Грција од кој зависи евроатланската интеграција на Македонија е причината за нападите врз странските претставнници во земјава, велат експертите. На тапет се најдоа американскиот амбасадор Филип Рикер за кој се огласи и Стејт департменот, како и поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере и холандската амбасадорка Симоне Филипини, а не беше поштеден и европратеникот Зоран Талер. Властите ги премолчија и критиките од Белата куќа за начинот на
Ние трпиме критики, па и тие може да трпат по некој коментар, зошто
да не?
владеењето во земјата, како и писмото кое еврокомесарот Штефан Филе го испратил до премиерот Никола Груевски.

Граѓаните кои ги анкетиравме за рубриката Хајд Парк имаат поделени мислења за начинот на кој се однесува владата.

„Ние трпиме критики, па и тие може да трпат по некој коментар, зошто да не?“

„Би требало да постои некој подипломатски начин да се каже она што треба да му порачаат, меѓутоа не на ваков начин. Мислам дека малку е невоспитано.“

Власта создаде отворен фронт со поранешниот евроамбасадор Фуере

„Секое недоразирање носи последици, а секој проблем може да се реши ако се разговара.“

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, што ќе се емитува в недела, лидерот на Нова демократија Имер Селмани вели дека владата ја сменила политиката на владеење од економска во политичка агенда по самитот во Букурешт и предвремените парламентарни избори.

„Со антиквизација, со создавање на непријатели или со пропаганди кои што
Треба да запаметиме дека ова е власт која добар дел од поддршката ја должи на националните чувства на Македонците.
го поделија општеството внатре во државата на наши и ваши, на протести и антипротести, почнаа да ги бркаат и амбасадорите и да ги именуваат со разни титули.“

Поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малески вели дека власта не е подготвена да направи исчекор во проблемот со името и затоа се брани од критиките на странските претставници, кои ги доживува како притисок.

„Како во состојба на една опсада власта се брани со сите расположливи средства бидејќи нема идеја како да се излезе од овој многу сериозен проблем. Треба да запаметиме дека ова е власт која добар дел од поддршката ја должи на националните чувства на Македонците.“

Малески додава дека во дипломатскиот јазик нема простор за директни обвинувања и нема примери кога една држава добро поминала на меѓународен план кога ја заострувала реториката.

„Ако одите само со знамето на некаква правда надвор, без да ја употребите и дипломатијата и прилагодувањето на надворешните притисоци, скоро е сигурно дека ќе доживеете дебакл.“

Дали Владата дипломатски се однесува кон странските дипломати? Погледнете го видеото и коментирајте тука.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG