Достапни линкови

Власта не прифаќа критики


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Владиниот однос на одрекување на критиките од меѓународната заедница, според експертите, покажува неподготвеност за соработка и трајно го нарушува имиџот на земјата.

Кога неодамна европратеникот Зоран Талер упати критика за владините политики, за состојбата со судството и за независноста на медиумите, како одговор на неговите критики премиерот Груевски забележа дека понекогаш суштината е во „левата опција“ на Талер. Тоа според дел од експертите е дипломатски скандал и истиот остава белег во надворешната политика на државата.

Пораките за загриженост од случувањата тука, отворено ги соопшти и
Кога ни ја кажуваат вистината, ние настојуваме секогаш да го третираме тоа како, `ете тој е од друга идеолошка опција, па затоа не критикува`, што за жал е една голема небулоза.
американската администрација, но Груевски по средбата, не ја потенцираше непријатната страна од разговорите.

Судирот со меѓународната заедница е толку продлабочен што ќе биде тешко да се подобри имиџот кој земјава го има во меѓународните кругови, предупредуваат експертите.

Критиките од европратеникот Зоран Талер, власта ги ,,сведе" на неговата различна идеолошка определеност

„Кога ни ја кажуваат вистината, ние настојуваме секогаш да го третираме тоа како, ’ете тој е од друга идеолошка опција, па затоа не критикува‘, што за жал е една голема небулоза, а можеби кон тоа има свое влијание врз некритичката дипломатија“, изјави Нано Ружин, поранешен амбасадор на Република Македонија во НАТО.

Власта не сака да ги слушне другите, а нејзиното однесување покажува неподготвеност за соработка со меѓународната заедница, се согласува и професор Абдула Азизи од Штуловиот Универзитет.

„Знаете дека ако не ги решавате проблемите со брачниот другар внатре во семејството, тоа значи дека ќе се соберат проблемите и во иднина ќе дојде до развод. На овој начин на постапување, фактички нашите врати во
На овој начин на постапување, фактички нашите врати во евроинтеграционите процеси ќе се
затворат.
евроинтеграционите процеси ќе се затворат.“

Проблемот е во тоа што владата не знае или не сака да прифати критичко мислење, додава Ружин. Тешко е, вели тој, да се прифати вистината.

„Тоа, пак, влијае врз самите дипломати да често се уплашени и ги штимуваат своите депеши, како да не го налутат лидерот. Македонија живее токму во една неокомунистичка форма на дипломатија која е уплашена и којашто по секоја цена настојува да ја скрие вистината од лидерот.“

И за време на посетата на македонскиот премиер во Соединетите Држави беа укажани критики за трендовите кои се однесуваат на владеење на правото, независните медиуми и цивилното општество во Македонија. Власта, советуваат експертите, не смее ваквите пораки да ги игнорира или да се обиде истите да ги правда во различната идеолошка определба на оној што ги упатил критиките.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG