Достапни линкови

Кумановските печалбари се вратија од Либија


Градежните работници од Куманово успешно евакуирани од Либија
Градежните работници од Куманово успешно евакуирани од Либија

Заврши мачното патешествие на 30-тината кумановски печалбари кои работеа во Либија. По неколкудневната неизвесност, успешно се евакуирани и веќе се дома.

Заврши деветдневната незивесност, страв, несоници и тешкото патешествие на околу 30-ина градежни работници од Куманово кои околу осум месеци беа на печалба во Либија. Нивното пристигнување дома, меѓу најблиските, е најголемата среќа и радост и за нив и за нивните семејства, иако газдата кој ги ангажирал на сите им должи по најмалку две плати. Благодарни на
Најтешко беше кога слушнавме пукотници во Бенгази. Бевме сместени на градилиштето во бараки на само околу 30-ина метри од воен објект-касарна. Се појавија вооружени банди кои пљачкаа.
либиското население, на турската држава и на нашата амбасада во оваа земја која им помогнала да се извлечат од кризното жариште во Северна Африка, дел од нивниот пат до Куманово го раскажуваат градежниците Јоцко Крстевски, Миле Стефановски и Петар Трајковски.

„Најтешко беше кога слушнавме пукотници во Бенгази. Бевме сместени на градилиштето во бараки на само околу 30-ина метри од воен објект-касарна. Се појавија вооружени банди кои пљачкаа“, раскажува Јоцко Крстевски.

Тие побарале да бидат евакуирани, пасошите ги добиле од газдата на фирмата кој им обезбедил два камиона со кои тие барале да заминат на аеродром. Им рекле дека таму не е безбедно и по пат на кратко ги сместиле во касарна, а потоа во приватна куќа, за да набргу ги однесат на стадион каде што имале обезбедено храна и вода.

„Три-четири дена преседевме на стадионот. Во тоа време баравме начини да контактираме со некој од нашите. Потоа слушнавме дека некој извршил притисок да тргнеме. И ноќ и ден преспавме во бродот поради невреме“, се присеќава Миле Стефановски.
Се пукаше наоколу, но нас никој не не дираше.


Бродовите кои порано тргнале биле преполни со патници, но кумановските градежници, сепак се благодарни што министерот Антонио Милошоски им помогнал безбедно да патуваат до дома.

„Се пукаше наоколу, но нас никој не не дираше“, раскажува кумановецот Петар Трајковски.

Тие како се уште да не се свесни низ што се поминале.

Лила Стефановска

Сопругата на Миле, Лила Стефановска вели:

„Цела недела бевме загрижени. Се смиривме дури кога добивме сигнал ноќеска дека ќе дојдат. Најважно е да се живи и здрави.“
Цела недела бевме загрижени. Се смиривме дури кога добивме сигнал ноќеска дека ќе дојдат. Најважно е да се живи и
здрави.


Сопругата на Јоцко, Валентина Крстевска раскажува дека од заминувањето до враќањето на работниците патот им бил трнлив. На почетокот немале контакти, оти таму немале ниту работа, ниту плати.

„Една цигара делевме по тројца“, вели Валентина, од она што и го раскажувал сопругот.

Иако овие работници не сакаат отворено да кажат дека работеле на црно, за илјада до илјада и 500 долари месечно, сепак немале никакво осигурување и тие се само дел од неколку илјади кумановци кои на печалба во странство одат да работат без никаков статус.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG