Достапни линкови

Џинот излезе од шишето


Бахреин - анти владини протести

Бахреин - анти владини протести

Американскиот претседател Барак Обама ја постигна својата амбиција. Блискиот Исток стана централен дел на неговата надворешна политика, се наведува во коментарот, објавен во весникот Вол Стрит Џурнал во кој се додава: Проблемот е во тоа што тоа го стори од сосема погрешни причини.

Во јуни 2009 година, американскиот претседател, на Универзитетот во Каиро, се заложи за револуција на односите на Вашингтон со арапскиот свет.
Но, неговата примарна намера беше новиот почеток да биде во врска мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците, наведува Вол Стрит Џурнал, додавајќи дека подгревањето на народните востанија не беше на неговата агенда.
Сега тешко да мине еден ден без Обама да не направи некаква јавна интервенција за промена на режимите на Блискиот Исток.
Се почна во Тунис, каде што Обама го поддржа движењето за реформи што го отстрани претседателот Бен Али. Обама ги поддржа антивладините протести во Египет со кои беше отстранет Хосни Мубарак.



Слични поддршки за слични движења Вашингтон упати и за Бахреин, Јемен, Либија, Мароко... Тоа, пак, е во директен судир со неговите претходно искажани интенции за запечатување мировен договор меѓу Палестинците и Израелците.
Инаку, зошто тој би притискал за оставка на Хосни Мубарак кој повеќе од три децении беше еден од подобрите американски сојузници во регионот. Каиро, како што додава весникот Вол Стрит Џурнал, политички го поддржуваше Махмуд Абас, а не радикалниот Хамас.

Кој ќе ги замени режимите?

Господин Обама е голем поборник на промени, но да се предлагаат промени како во развиени демократии како Америка во земји во кои демократијата не е развиена како Египет е голем ризик, оценува весникот. Обамината поддршка на демонстрантите во Египет засега заврши со етаблирање на воена хунта која го суспендира Уставот и го распушти Парламентот.
Воените команданти ветуваат слободни и фер избори до крајот на годинава. Ако тоа се случи, Муслиманското братство, најдобро организираната политичка партија во Египет, која е во тесни врски со исламистите во регионот и во Европа, ќе биде еден од главните конкуренти. Обаминиот дипломатски вандализам со откажувањето од Мубарак е извесен сигнал и за другите клучни американски регионални сојузници.

Саудијците исто така беа шокирани од американскиот третман за Мубарак. Саудискиот режим можеби не му е на секој по волја со оглед на јавните егзекуции и ампутации.
Но дури и Обама мора да сфати дека доколку саудискиот режим биде отстранет со народен револт би можело да биде заменет со фанатични, анти западни исламисти.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG