Достапни линкови

Редовна дипломатска активност?


Томас Кантримен во Белград во 2010 година

Томас Кантримен во Белград во 2010 година

Во Македонија доаѓа заменик помошникот државен секретар на САД Томас Кантримен, а за пет дена премиерот Груевски заминува на средби со потпретседателот на САД Џо Бајден и државната секретарка Хилари Клинтон.

Американскиот заменик-помошник државен секретар задолжен за Европа, Томас Кантримен доаѓа во посета на Скопје. Предвидено е тој да се сретне со премиерот Никола Груевски, со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. На вчерашната средба со новинарите, американскиот амбасадор Филип Рикер изјави дека на агендата се повеќе прашања од билатетарлните односи, но и актуелни прашања кои, вели Рикер, создаваат загриженост, како независноста на судството, слободата на медиумите, состојбата во Парламентот и политичкиот дијалог.

Премиерот Груевски, пак, за пет дена заминува во посета на Вашингтон каде треба да се сретне со државната секретарка Хилари Клинтон и со потпретседателот Џо Бајден. Со нив ќе разговара на истите теми.
Рикер вели дека доаѓањето на Кантримен и посетата на Груевски на САД не се должат на актуелните состојби и дека посетата на САД е подготвувана од август минатата година, а датумот на средбата бил определен пред Нова година.
Ситуацијата во Македонија не е таа што ги наметнува средбите, туку ситуацијата во Македонија таква каква што е секако ќе биде на агендата на двете средби.

Сепак, дел од медиумите и аналитичарите објавија дека овие два настани се поврзани со актуелната ситуација и оти „Американците ќе го караат Груевски“. Се добива впечаток дека македонските политичари немаат капацитет сами да излезат на крај со проблемите со кои се соочуват и дека по секоја голема криза „на помош доаѓаат странците“.

Претседателот Ѓорге Иванов и американскиот потпретседател Џо Бајден на Молитвениот појадок во Вашингтон

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, пак, не се согласува со ваквите тврдења. Двете посети се во рамки на редовните контакти меѓу двете држави, а посета на САД се подготвува подолго време, дециден е Чашуле.

„Ситуацијата во Македонија не е таа што ги наметнува средбите, туку ситуацијата во Македонија таква каква што е секако ќе биде на агендата на двете средби.“
Факт е дека имаме несериозни политичари кои раководени од својата болна амбиција да дојдат на власт, треба да дојде некој од надвор да им каже
вразумете се.

Според него, американскиот дипломат ќе побара од опозицијата „да се вразуми“ и да се врати во Парламентот. Чашуле вели дека е неоправдано да се тврди дека Македонија е незрела држава која не може сама да се справува со предизвиците.

„Факт е дека имаме несериозни политичари кои раководени од својата болна амбиција да дојдат на власт, треба да дојде некој од надвор да им каже вразумете се.“

Остри реакции од меѓународната заедница дојдоа и по блокирањето на сметката на А1 телевизија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG