Достапни линкови

Според власта во моментов нема реални причини да се оди на предвремени избори. И за дел од експертите тоа не е најдобро решение.

Груевски и Ахмети на вчерашната редовна тет а тет средба разговарале за се - за името, за избори, за ситуацијата во земјата, за А1 и случајот „Перо Наков бб“, за се она што е отворено прашање и жешка тема во моментов, велат до ДУИ. Од таму велат дека се спремни за избори уште сега, но тоа воопшто не би било добар потег.
Ние имавме избори пред само година и нешто, на тие избори катастрофално изгубија сите оние политички партии кои во моментов бараат избори. Не можеме ние во секој момент кога тие ќе посакааат да одиме на избори.


„Доколку бараат сите, нема да одбиеме, меѓутоа сметаме дека не е најпаметното решение. Изборите ќе беа дополнителен проблем“, вели Џеват Адеми од ДУИ.

Тој додава дека меѓународната заедница е жестоко против избори. Од Владата нема детали за средбата, нуту до кои заклуцоци дошле.

Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека за да има избори потребни се навистина реални причини:

„Апсолутно, ќе одиме на избори тогаш кога тоа ќе го оценат владејачките партии. Ние имавме избори пред само година и нешто, на тие избори катастрофално изгубија сите оние политички партии кои во моментов бараат избори. Не можеме ние во секој момент кога тие ќе посакааат да одиме на избори“, вели пратеникот Зоран Петрески.

Медиумите, последниве неколку денови ја актуализираа темата со
Дали е решен проблемот со името, дали е решена правната регулатива, изборната, дали се решени проблемите кои практично доведоа до тоа опозицијата да не биде дел од парламентот? Сето тоа мислам дека е негативна и неповолна клима за да се оди на избори.
предвремените избори. Шпекулациите одат до таму дека се можни избори за 2-3 месеци. Но, медиумите пишуваа и дека на оваа идеја се спротивставиле дипломатите поради можноста од нерегуларности кои би биле проследени со жестоки демонстраци.

Аналитичарот Ристо Никовски вели дека предвремени избори се патоказ за забрзано излегување од ќор-сокакот:

„Мислам дека изборите треба да бидат одредена катарза која ќе отвори пат за надминување на клучниот проблем со кој се соочуваме, а тоа се блокадите и уцените во врска со нашето име.“

Изборна конвенција на ВМРО ДПМНЕ пред локалните и претседателските избори, февруари 2009 година

Никовски вели дека, иако засега меѓународната зедница е против предвремени избори, но со новата парламентарна криза и на нив ќе им стане јасно дека излезот се избори.

Професор Мерсел Биљали вели дека во земјата нема соодветна политичка клима за да се спроведат избори, а ни политичките партии немаат што да му понудат на народот:

„Дали е решен проблемот со името, дали е решена правната регулатива, изборната, дали се решени проблемите кои практично доведоа до тоа опозицијата да не биде дел од парламентот? Сето тоа мислам дека е негативна и неповолна клима за да се оди на избори“, вели професорот Биљали.

Поголем дел од граѓаните се против предвремени избори, покажа истражувањето кое минатиот месец го објави МЦМС. Резултатите покажуваат дека 49,7 проценти се против избори, 36,3 за да има предвремени избори, а 14 насто од нив одговориле со „не знам“.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG