Достапни линкови

Без проект за реставрација на битолската чаршија


Битола

Битола

Битола се уште не изработила проект за реставрација на битолската чаршија, едно од најголемите историски и етнолошко-амбиентални богатства на градот кој се гордее со својата традиција.

Дуќанџиите замеруваат што досега ништо не е сторено за реставрација на фасадата од старите дуќани, за разнишаните улични плочки и замирањето на занаетите. Со ова велат века чаршијата го губи својот дух и привлечноста пред посетителите.

„Чаршијата се држи вака искршена со плочките седум-осум години. Старата чаршија е најатрактивниот дел на Битола. Улици како Маршал Тито (Широк Сокак) има низ многу градови во Европа, но стари чаршии како оваа многу
Старата чаршија е најатрактивниот дел на Битола. Улици како Маршал Тито (Широк Сокак) има низ многу градови во Европа, но стари чаршии како оваа многу ретко
каде.
ретко каде“, вели Цане Момировски, деценија и пол дуќанџија во чаршијата.

Од битолскиот Завод и музеј, институција задолжена за заштита на културното богатство, велат дека се уште во тек е инвентаризацијата на наследството во чаршијата. Се работи за проект што се изведува во соработка со Асоцијацијата на градови и региони со историско наследство и со францускиот конзулат. Опфатени се 100 објекти за кои се подготвува документација за нивната архитектонска, урбана, историска и општествена еволуција. Ова, вели Ирена Ружин, програмски директор во Заводот, ќе биде добра основа во иднина да се изработи проект за реставрација и конзервација на чаршијата и да се побараат средства од повеќе фондови. Инвентаризацијата завршува во март годинава.

Широк Сокак во центарот на Битола

„Овој проект откако ќе биде завршен во нашата институција ќе имаме еден елаборат за 100 објекти кој ќе содржи режим на заштита, историја на секојод објектите. Една таква инвентаризација е особено важна при аплицирањето во европските фондови каде се бара една поопсежна студија. На крајот од овој проект договоривме со Асоцијацијата на заштитени регион од Фаранција една изложба на најатрактивните објекти во старата чаршија кои се надеваме дека во скоро време ќе ја добијат реставрацијата и конзервацијата. Физичката реставрација ќе биде кога ќе се добијат средства, на сите страни ќе се обидеме“, изјави Ружин.

Битолската чаршија како автохтона целина потекнува од 16 век, а фасадите и објектите имаат голема архитектонска и културно-историска вредност. Но за жал, дел од нив го изгубија ликот под ударот на модерното време.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG